Лубутин го загуби црвениот ѓон
- Детали
- вторник, 16 август 2011
Американскиот федерален суд го одби барањето на францускиот дизајнер Кристијан Лубутин – да се забрани правење чевли со високи потпетици и...
...црвен ѓон (покрената тужба кон Ив Сен Лорен).
Лубутин кој ги дизајнира популарните црни чевли со црвен ѓон, го тужеше својот ривал Лорен во април на судот во Менхетен токму поради производство на вакви чевли.
- Ако Лубутин е сопственик на кинески црвениот ѓон на женските чевли, останатите дизајнери би морале да тврдат дека имаат ексклузивно право на користење на друга нијанса на црвена или дури и Лубутинова црвена, и да го постават својот знак на целата потпетица која би била кинески црвена.
Судот заклучил дека тужбата е неоснована.