„Ја пријавувам мојата 8-месечна ќерка на избори за убавина - луѓето ме осудуваат“
- Детали
- вторник, 01 март 2022
„Го малтретираш детето. Таа има само 8 месеци и не може да даде согласност за натпреварот. Тоа е само за тебе, детето не добива ништо“, е еден од коментарите. Вие сте за или против?
Алија Хармон (22) од САД има 8-месечна ќерка, која досега ја има пријавено на два избори за убавина. Малата Рути победила и на двата настапи. Таа е едно од 4-те деца на Алија.
Нејзината мајка споделува и видеа како ја подготвува за на настап. Таа ја облекува во фустани и ја претвора во мала дива.
Алија вели дека по натпреварите Рути е многу уморна и спие долго.
Иако таа е многу горда на ќерка си, многумина ја осудуваат за тоа што го прави.
„Го малтретираш детето. Таа има само 8 месеци и не може да даде согласност за натпреварот. Тоа е само за тебе, детето не добива ништо.“
„Никогаш не би го ставила моето дете пред други за да му судат. Животот ќе ѝ сервира доволно такви ситуации.“
Од друга страна имаше и коментари за поддршка од типот на овој:
„Јас одев на избори за убавина како дете и тоа ми помогна многу за самодовербата, способноста за јавен настап, создавањето на пријателства... Навистина ми беше забавно.“
Што мислите вие за родителите кои го прават ова?
Како Алија ја подготвува својата малечка за изборите за убавина:
С. С. | Црнобело