Инстаграм vs. реалност: Мајка од Англија ги исмејува позите и стајлинзите на инфлуенсерките
- Детали
- четврток, 10 февруари 2022
Лиса Лојд стана популарна на Инстаграм благодарение на смешните објави со кои ги исмејува гламурозните фотографии на инфлуенсерките. Со ова, таа не само што ги расположува нивните следбеници, туку и ги учи да ги засакаат нивните несовршени тела и нивните несовршени животи.
Лиса Лојд од Англија е мајка на две деца која скоро целиот живот имала проблеми со самодовербата поради нејзиното тело.
Уште во тинејџерските години, Лиса се обидувала да го скрие нејзиното тело бидејќи си го мразела задникот, но и градите кои имале малку различна големина.
Но, сега Лиса ја нашла својата самодоверба, и тоа преку навистина забавен проект – на нејзиниот Инстаграм профил, таа ги исмејува гламурозните фотки на инфлуенсерките и познатите жени правјќи нејзини верзии кои изгледаат многу пореалистично.
Благодарение на забавните објави, Лиса има над 14.000 следбеници на Инстаграм и ги инспирира жените од целиот свет да го прифатат своето тело, но и да не се плашат да направат шега на своја сметка.
Лиса почнала да ги прави смешните фотографии во јануари 2020 година, откако си го скршила стапалото. Бидејќи цели два месеци морала да биде во кревет, Инстаграм профилот ѝ бил одлична разонода.
Со профилот, Лиса им помогнала на многу жени да се прифатат онакви какви што се.
„Една жена ми рече дека ѝ било страв да го покаже стомакот по бременоста. Но, откако видела колку јас го сакам моето стомаче, почналa гордо да носи бикини“.
А, поради нејзината искреност и отвореност, нејзините следбеници неретко ѝ се доверуваат.
„Луѓе што не ги познавам ми кажуваат за нивните афери, проблеми со менталното здравје и слично. Знаат дека јас нема да им судам, па се надевам дека им помагам“.
Лиса вели дека целта со профилот ѝ е да се забавува, но и да покаже дека животот на мајките не е секогаш гламурозен, како и дека нема ништо лошо во тоа.
„Генерално, го прикажувам животот на мајките. Покажувам дека некогаш изгледаме ужасно, но ја покажувам и забавната страна“.
Двете деца на Лиса имаат аутизам, па таа често споделува и видеа во кои зборува за предизвиците со коишто се соочува, а ги истакнува и прекрасните мигови со нив.
„Ја кажувам вистината – тешките мигови во родителството, како и убавите. Проблемите кои доаѓаат со аутизмот, проблемите што сум ги имала со моето тело, а луѓето сакаат да ме слушаат“.
Очекувано, Лиса се соочува и со критики и лоши коментари.
„Секако дека одвреме-навреме добивам и одвратни коментари, но повеќето луѓе се позитивни. Нормално е да имате некој што ве мрази. Нема сите да ве сакаат.
Но, никогаш нема да ги видам овие луѓе или да зборувам со нив. Само ги блокирам и продолжувам со животот бидејќи, искрено, не ни вреди да се грижам за нив“.
Лиса има и одличен совет за сите:
„Ако првите нешто што ве прави среќни, продолжете со тоа“.