Елизабета ја слави 70-тата годишнина на тронот – изјави дека Камила сепак ќе биде кралица кога Чарлс ќе стане крал

Во официјалната изјава по повод 70-тата годишнина на тронот, кралицата Елизабета откри дека Камила ќе ја добие титулата „кралица“ кога принцот Чарлс ќе го наследи престолот.

elizabeta-ja-slavi-70-tata-godishnina-na-tronot-izjavi-deka-kamila-sepak-kje-bide-kralica-koga-charls-kje-stane-kral-01.jpg

Денес, 6-ти февруари, кралицата Елизабета ја слави 70-тата годишнина на тронот. Во официјалната изјава по повод јубилејот, кралицата му се заблагодари на нејзиниот народ за поддршката, но и сподели дека откако Чарлс ќе стане крал, неговата сопруга ќе ја добие титулата „кралица“.

Сè досега постоеја секакви шпекулации за тоа која титула ќе ја добие Камила откако принцот Чарлс ќе седне на тронот и иако дел од јавноста очекуваше и таа да стане кралица, изјавата на Елизабета сепак беше изненадување за многумина.

elizabeta-ja-slavi-70-tata-godishnina-na-tronot-izjavi-deka-kamila-sepak-kje-bide-kralica-koga-charls-kje-stane-kral-05.jpg

„Засекогаш ќе бидам благодарна за целата ваша поддршка. И, кога ќе дојде време и мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека нему и на неговата сопруга Камила ќе им ја дадете истата поддршка што ми ја давате и мене. И, моја искрена желба е дека кога ќе дојде време, Камила ќе биде кралица сопруга и ќе продолжи со нејзината лојална служба“, гласи дел од изјавата на Елизабета.

Титулата „кралица сопруга“ значи дека војвотката од Корнвол ќе биде нарекувана „кралицата Камила“ штом Чарлс ќе седне на тронот. Ова е титулата што требаше да ја добие принцезата Дијана доколку не се разделеше од Чарлс пред нејзината трагична смрт.

Според изворите, и Чарлс и Камила биле трогнати од зборовите на кралицата.

elizabeta-ja-slavi-70-tata-godishnina-na-tronot-izjavi-deka-kamila-sepak-kje-bide-kralica-koga-charls-kje-stane-kral-03.jpg

Врската на Чарлс и Камила предизвикуваше многу контроверзии, најмногу бидејќи голем дел од јавноста ја обвинува токму Камила за разделбата на принцот и Дијана.

Сепак, во 2005 година, кралицата им дозволи на Чарлс и Камила да стапат во брак.

elizabeta-ja-slavi-70-tata-godishnina-na-tronot-izjavi-deka-kamila-sepak-kje-bide-kralica-koga-charls-kje-stane-kral-2.jpg

Според извори блиски до кралското семејство, но и бројните изјави на самата кралица, Камила дефинитивно ја заслужува титулата бидејќи отсекогаш била посветена сопруга и ги извршувала сите кралски должности.

Според Daily Mail, јубилејот на кралицата ќе биде одбележан во интимна атмосфера и кралицата ќе им оддаде почит на нејзиниот татко – кралот Џорџ – и нејзиниот сопруг кој почина минатата година.

elizabeta-ja-slavi-70-tata-godishnina-na-tronot-izjavi-deka-kamila-sepak-kje-bide-kralica-koga-charls-kje-stane-kral-7.jpg

Елизабета го наследи нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, по неговата смрт на 6-ти февруари 1952 година.

elizabeta-ja-slavi-70-tata-godishnina-na-tronot-izjavi-deka-kamila-sepak-kje-bide-kralica-koga-charls-kje-stane-kral-06.jpg

elizabeta-ja-slavi-70-tata-godishnina-na-tronot-izjavi-deka-kamila-sepak-kje-bide-kralica-koga-charls-kje-stane-kral-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Нострадамус предвиде дека владеењето на Чарлс ќе биде кратко – По дијагнозата со рак, Вилијам ги пре... Откако Бакингемската палата соопшти дека британскиот крал Чарлс Трети боледува о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg