Како изгледа катедралата Нотр Дам во Париз три години по пожарот што речиси ја уништи? (фото)
- Детали
- петок, 04 февруари 2022
Три години по пожарот што речиси ја уништи познатата катедрала во Париз, инженерите и архитектите неуморно работат за да ја реставрираат, а сега National Geographic сподели и ексклузивни фотографии што покажуваат во каква состојба е градбата денес.
На 15 април 2019 година, Богородичната црква во Париз, позната и како Нотр Дам, ја зафати пожар што предизвика огромна штета. Сега, речиси три години подоцна, реновирањето на катедралата се одвива во полн ек, а според плановите би требало да заврши до 2024-та.
National Geographic e единствениот странски медиум што доби дозвола да ѕирне внатре, а неодамна објавија фотографии од внатрешноста на катедралата, како и фотки направени со дрон кои покажуваат до каде е реставрирањето.
Покривот на катедралата беше еден од најоштетените делови и иако на почетокот се правеа планови да се замени со помодерен дизајн, сега архитектите и инженерите се обидуваат да го средат оригиналниот покрив.
Интересно е што фреските како и препознатливите прозорци на катедрала речиси и да не беа допрени од огнот – нешто што многумина го нарекуваат чудо.
Како што напоменавме, француските власти се надеваат дека реновирањето ќе заврши до 2024 година, токму за Олимписките игри кои ќе се одржуваат во Париз.
Дел од фотографиите објавени во National Geographic:
Спирова С. | Црнобело