11-годишно девојче со уникатна генетска карактеристика – родена е со две различни бои на коса (фото)
- Детали
- четврток, 03 февруари 2022
Бела од Англија има вид генетско нарушување поради што ја има најуникатната коса – дел од нејзината коса има кафена, а дел светло руса боја. Дури и трепките на двете очи и се во различна боја.
Бела Хил од Англија има генетско нарушување поради што нејзината коса има две бои. Дел од косата на Бела е со кафеава боја, а дел има светло руса нијанса.
Поради ова, 11-годишното девојче може да си ја менува бојата на косата само со преместување на нејзиниот патец.
И, вели дека редовно го прави тоа и си ја „одбира“ бојата според облеката што ја носи.
Мајката на Бела, Џени, открива дека девојчето е родено со таква коса и луѓето отсекогаш ја прашувале дали ја фарба.
Според некои лекари, шарената коса на Бела е резултат на полиоза – вид нарушување, односно состојба поради која на делови од косата нема доволно меланин, па се јавуваат бели влакна.
Уште поинтересно е што Бела има и различни трепки – на едното око се кафени, а на другото многу светли, речиси бели.
„Косата ѝ е навистина уникатна. Најпрво ја забележа баба ѝ, уште кога се роди, но јас имав премногу болки за да обрнам внимание.
Прво баба ѝ ми рече дека Бела е родена со светла коса, но потоа рече дека има темна коса и сфативме дека ги има двете бои, а истото е и со нејзините трепки“, вели мајката на Бела.
Џени открива дека на почетокот тешко се воочувала разликата во бои, но како што Бела растела, боите станувале поочигледни.
„Во лето, темната страна малку ѝ осветлува, а светлата се претвора во речиси бела. Бела е бринета, но ако си го промени патецот, лесно може да стане русокоса“.
Бела, пак, вели дека ја сака својата коса и не може да одбере која од двете бои ѝ е омилена.
„Искрено немам омилена нијанса и ја истакнувам едната во зависност од облеката што ја носам. На училиште добивам многу комплименти, но и многумина ме прашуваат дали се фарбам“.
Покрај комплиментите од соучениците, Бела редовно добивала и пофалби од странци.
„Некогаш ни се потребни часови да завршиме со пазарење во маркет бидејќи луѓето нè застануваат за да се восхитуваат на косата на Бела. Сите ѝ даваат комплименти и ја советуваат никогаш да не се фарба“, открива мајка ѝ.
Џени има 14-годишна и 4-годишна сестра кои, за разлика од неа, го немаат нарушувањето.
Спирова С. | Црнобело