Тинејџер од Англија ги донира своите простетички нозе на сиромашно девојче од Гамбија, за да може да оди на училиште

Браво, ваква младина ни е потребна! Момче од Англија, на кое му била ампутирана ногата на само 11 месеци, му го разубавува животот на сиромашно девојче од Гамбија.

tinejdjer-od-anglija-gi-donira-svoite-prostetichki-noze-na-siromashno-devojche-od-gambija-za-da-mozhe-da-odi-na-uchilishte-01.jpg

Јуан Муреј е 14-годишен тинејџер од Англија кој е вистинска инспирација. Тој имал ампутација на нога како мал и оттогаш постојано носи простетичка нога.

Кога ќе ги надрасне нозете, тој ги подарува на сиромашно девојче од Гамбија, кое исто така нема нога.

tinejdjer-od-anglija-gi-donira-svoite-prostetichki-noze-na-siromashno-devojche-od-gambija-za-da-mozhe-da-odi-na-uchilishte-02.jpg

Досега ѝ има подарено повеќе од 10 простетички нозе во текот на годините, за малата Вудех да може да оди на училиште.

Ампутацијата на ногата на Јуан била кога имал само 11 месеци затоа што неговата лева нога уште додека бил во стомакот на неговата мајка не растела правилно.

tinejdjer-od-anglija-gi-donira-svoite-prostetichki-noze-na-siromashno-devojche-od-gambija-za-da-mozhe-da-odi-na-uchilishte-03.jpg

Тој иако нема нога денес е спортски активен, односно игра хокеј и трча со помош на простетичката нога.

Јуан со неговото семејство сака да им помогне и на други дечиња да си ги остварат своите соништа, како него, и затоа испраќаат апел преку хуманитарната организација „Legs4Africa“ што повеќе луѓе од Велика Британија да донираат простетички нозе за децата во Африка кои немаат финансии за да си купат.

Малата Вудех на која Јуан ѝ помага ја изгубила ногата на 3-годишна возраст кога автомобил удрил во неа.

tinejdjer-od-anglija-gi-donira-svoite-prostetichki-noze-na-siromashno-devojche-od-gambija-za-da-mozhe-da-odi-na-uchilishte-04.jpg

„Простетичките нозе се многу скапи во Гамбија, па простетичките нозе од Јуан ѝ помогнаа на Вудех да може да оди на училиште и да си игра со браќата и сестрите. Јуан ѝ е идол на Вудех затоа што е спортски активен и самоуверен“, изјави мајката на Јуан.

tinejdjer-od-anglija-gi-donira-svoite-prostetichki-noze-na-siromashno-devojche-od-gambija-za-da-mozhe-da-odi-na-uchilishte-08.jpg

tinejdjer-od-anglija-gi-donira-svoite-prostetichki-noze-na-siromashno-devojche-od-gambija-za-da-mozhe-da-odi-na-uchilishte-07.jpg

tinejdjer-od-anglija-gi-donira-svoite-prostetichki-noze-na-siromashno-devojche-od-gambija-za-da-mozhe-da-odi-na-uchilishte-06.jpg

tinejdjer-od-anglija-gi-donira-svoite-prostetichki-noze-na-siromashno-devojche-od-gambija-za-da-mozhe-da-odi-na-uchilishte-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
Мајка на девојче (13) кое било спасено од принуден брак со братучед: „Сопругот нѐ измами“ „Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а таму, сопругот нѐ из...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg