Тврделе дека никогаш не направиле пластични операции, имаа кралско потекло – Кои беа браќата Богданов?
- Детали
- среда, 05 јануари 2022
Имаа кралско потекло, тврдеа дека никогаш не направиле пластични операции, беа обвинети за лажни докторати, додека едниот водеше повлечен живот, другиот зад себе остави 6 деца и скандали. Кои се контроверзните браќа Богданов кои починаа на 72 години?
На 72-годишна возраст починаа познатите француски водители и ТВ продуценти, браќата Богданов.
Гричка почина на 28-ми декември од последици од ковид, додека неговиот брат Игор почина само шест дена подоцна.
Но, кои беа браќата и по што беа познати?
Двајцата браќа беа познати француски ТВ личности, а карактеристично за нив беше тоа што со години наназад негираа дека направиле козметички операции, иако нивниот изглед драстично се промени низ годините.
Додека малку се знае за приватниот живот на Гричка, Игор Богданов зад себе остави 6 деца, а имаше и голем број скандали и љубовни врски. Од брак со благородничка, до неверство со 38 години помлада девојка.
Во продолжение проследете уште неколку интересни факти за нив:
Близнаците имаат благородничко потекло, а пораснале во замокот Шато де Сен Лори во Западна Франција. Тие се деца на Марија Долорес Франциска Коловрат Краковска и принцот Јуриј Михајлович Богданов.
Се смета дека нивната мајка, која е со австриско потекло, работела како преведувачка за Германците за време на Втората светска војна, но истовремено се тврди дека им помагала на Евреите.
На близнаците дедо им бил афро-американскиот тенор Ролан Хајес, кого за првпат го запознале на возраст од пет години, а потоа тргнале по неговите стапки и почнале да градат кариера во шоу-бизнисот.
Во 1979-та година Игор и Гричка почнале да настапуваат како презентери на научните телевизиски шоуа Temps X и Rayon X.
При крајот на 90-тите години и двајцата се стекнале со докторати: Гричка имал докторат по математика, а Игор по теориска физика. Сепак, според пишувањата во медиумите, тие ги добиле докторатите со најниски оцени, по што им била понудена работа во Универзитет во Белград.
Тие се најдоа среде скандал кога пет од нивните научни трудови беа ставени на тест заради валидноста, а одредени медиуми пак, тврдеа дека се стекнале со лажни дипломи, поради што водеа судски спор што го добија и им беше исплатена оштета.
Гричка се трудеше својот живот да го чува подалеку од очите на јавноста, но Игор беше поотворен во однос на врските.
Игор со првата сопруга имал 4 деца, а по разводот се сретнал со Амели де Бурбон Парм, која била наследничка на Луј XIV и во семејна релација со данското кралско семејство. Игор и Амели беа во брак од 2009-тата до 2018-тата година.
Во 2017-тата година Игор повторно бил во фокусот на јавноста затоа што на 60-годишна возраст беше во врска со 23-годишната студентка Џули Жардон, а во ноември истата година беше уапсен затоа што провалил во нејзиниот стан откако претходно раскинале.
Близнаците во последните години беа актуелни поради нивните активности со криптовалутите и двајцата тврдеа дека тие го измислиле биткоинот.
Во декември годинава и двајцата беа примени на интензивна нега во истиот ден. Тие починаа со шест дена разлика помеѓу нив.
Б. С. Б. | Црнобело