Англичанец сам ја породил партнерката, откако од болница ги вратиле дома: „Ме водеше родителскиот инстинкт“

Немал никакво медицинско искуство, но младиот Англичанец морал сам да ѝ помогне на неговата девојка да се породи, откако претходно од болница ги вратиле дома да чекаат почести контракции. Вели дека тоа е „слика што долго време нема да ја заборави“.

anglichanec-sam-ja-porodil-partnerkata-otkako-od-bolnica-gi-vratile-doma-me-vodeshe-roditelskiot-instinkt-01.jpg

Џејд Путни (24) и Сем Кeслдајн (25) од Англија успеале сами да го доведат на свет својот син откако сфатиле дека немаат доволно време за да се вратат во болницата од каде ги вратиле дома да чекаат контракциите да почнат да се случуваат на почести временски интервали.

anglichanec-sam-ja-porodil-partnerkata-otkako-od-bolnica-gi-vratile-doma-me-vodeshe-roditelskiot-instinkt-03.jpg

Гордите родители за британските медиуми раскажуваат како неколку дена по Божиќ, Џејд рано го разбудила Сем и се жалела дека има болки во грбот, па верувала дека тоа се рани контракции.

Го оставила партнерот да спие, но по 3 часа се вратила и му кажала дека болките стануваат посилни.

По ова веднаш отишле во болница, но, оттаму ги вратиле дома и им рекле да се вратат кога контракциите ќе почнат да се јавуваат на пократки временски интервали.

„Кога се вративме дома, таа отиде во спалната соба за да се одмори, а јас во дневната гледав филм додека чекав. Но, добив порака во која ми кажа дека ѝ требам и ја најдов во тоалетот до спалната соба, а воденикот ѝ беше пукнат“ – раскажува таткото Сем.

По ова Сем и Џејд се обиделе брзо да стигнат до болницата, но кога се обидувала да влезе во автомобилот забележала дека од воденикот почнала уште посилно да истекува течност и тоа ги натерало да се вратат во домот.

anglichanec-sam-ja-porodil-partnerkata-otkako-od-bolnica-gi-vratile-doma-me-vodeshe-roditelskiot-instinkt-04.jpg

Џејд му рекла на партнерот дека чувствува нешто меѓу нозете и го замолила да провери, а Сем вели дека кога погледнал видел дека главата и рамената на бебето веќе во целост биле излезени.

„Навистина беше чудно тоа што веќе неговата глава беше надвор, а очињата почнуваа да му се отвораат. Не верувам дека таа слика ќе ја заборавам уште долго време.

Само ѝ објаснив каква е ситуацијата и ѝ реков да почне да турка, а јас ќе ѝ помогнам да се породи“ – раскажува таткото.

Но, кога се родило малото бебе, тие увиделе дека бебето не плаче, а папочната врвка му била во целост завиткана околу вратчето. 

Првиот плач на нивниот син Фреди го слушнале откако успеале да го одмотаат од врвката, по што Сем веднаш тргнал да ја викне мајка му за да им помогне.

anglichanec-sam-ja-porodil-partnerkata-otkako-od-bolnica-gi-vratile-doma-me-vodeshe-roditelskiot-instinkt-05.jpg

На враќање кон дома, Сем видел полициски автомобил и веднаш се фрлил пред него за да побара помош. Набрзо потоа пристигнала и брзата помош што ги однела мајката и бебето во болница каде било потврдено дека двајцата се добро и уште истата вечер ги пуштиле дома.

„Сепак, тоа беше мошне трауматичен ден за нас“ – вели таткото.

anglichanec-sam-ja-porodil-partnerkata-otkako-od-bolnica-gi-vratile-doma-me-vodeshe-roditelskiot-instinkt-02.jpg

Сем вели дека иако немал медицинско искуство, сепак верува дека родителскиот инстинкт го водел како да се снајде во ситуацијата.

Напоменува дека дури подоцна станале свесни за хоророт што го преживеале и колку многу имале среќа што бебето се родило здраво и живо и приказната имала среќен крај.

Дури откако се вратиле од болница, Сем и Џејда почнале да плачат размислувајќи за сите несакани последици што можеле да произлезат и заради ужасот што го поминале.

Како што вели и самиот, никогаш не ни помислувале со партнерката сами дека ќе го донесат на свет нивното дете, па тоа што тие двајцата успеале да го направат тоа без никакви посериозни последици, според нив е вистинско чудо.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg