Близначиња се родија со 15 минути разлика, во различни години – едното во 2021, другото во 2022

Поради тоа што овие две близначиња се родиле со 15-минути разлика меѓу нив, сега на изводите им пишува дека се родени во различни денови и години. Првото е родено во 2021-ва година, а второто во 2022-ра.

bliznaci-rodeni-so-15-minuti-razlika-prvoto-e-vo-2021-a-vtoroto-vo-2022-ra-godina-01.jpg

Фатима Мадригал и Роберт Трухиљо го добиле нивниот син Алфредо на 31-ви декември во 23 и 45 минути во 2021-ва година, а ќерката Ајлин се родила веднаш по полноќ во 2022-ра година.

Поради ова на близначињата им пишува во изводите дека се родени во различни години.

bliznaci-rodeni-so-15-minutna-razlika-prvoto-e-vo-2021-a-vtoroto-vo-2022-ra-godina-02.jpg

Алфредо е последното дете што се родило во старата година, а неговата сестра Ајлин е првороденото бебе во болницата Нативидад, во Монтереј Калифорнија.

„Навистина е лудо тоа што се близнаци, а имаат различни родендени. Навистина бев изненадена и среќна што таа се роди на полноќ“ – вели мајката на бебињата Фатима.

bliznaci-rodeni-so-15-minutna-razlika-prvoto-e-vo-2021-a-vtoroto-vo-2022-ra-godina-03.jpg

Во САД, според пишувањата во тамошните медиуми, секоја година се раѓаат околу 120.000 близначиња, но мошне ретко се случува тие да се родат во различни денови.

Процената за можноста тоа да се случи се околу 1 во 2 милиони.

bliznaci-rodeni-so-15-minutna-razlika-prvoto-e-vo-2021-a-vtoroto-vo-2022-ra-godina-04.jpg

Инаку, освен близначињата, Фатима и Роберт имаат уште три други деца: две ќерки и син, што со нетрпение очекуваат да ги запознаат новите членови во семејството.

bliznaci-rodeni-so-15-minutna-razlika-prvoto-e-vo-2021-a-vtoroto-vo-2022-ra-godina-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg