12-годишно момче е едно најпаметните деца со IQ 162 – за Божиќ посакал криптовалути, ќе студира на Оксфорд наскоро
- Детали
- четврток, 30 декември 2021
Барнаби (12) од Англија има IQ од 162, а ова го прави едно од најинтелигентните деца во светот. Во јануари тој планира да запише неколку предмети на Универзитетот Оксфорд, а за Божиќ побарал навистина необичен подарок за дете – криптовалути.
Барнаби Свинбурн од Англија има 12 години и е едно од најинтелигентните деца во светот, со коефициент на интелигенција 162.
За споредба, за генијот Алберт Ајнштајн се верува дека коефициентот на интелигенција изнесувал „само“ 160.
Барнаби го постигнал резултатот на тестовите на Менса, а наводно ова е највисокиот коефициент за деца.
„Има два теста на Менса. Првиот е со слики и низи, додека во вторите има многу текстуални прашања. Барнаби ги направи двата теста и го доби највисокиот резултат. Тој ги има највисоките поени за дете, односно 162“, открива мајка му.
За разлика од некои деца со (приближно) ист IQ кои веќе студираат на негова возраст, Барнаби уште оди во основно училиште, но родителите велат дека знае што сака да студира – програмирање – и планира да се запише на Оксфорд во јануари.
„Барнаби отсекогаш се истакнувал на часовите по математика бидејќи навистина ја сака. Негова беше идејата да го направи тестот на Менса. Никогаш не го притискаме да прави што било – сите одлуки си ги носи сам.
Всушност, не мора ни да го тераме да ја пишува домашната по математика бидејќи навистина ужива во тоа“, вели неговата мајка Гислејн.
Родителите на малиот генијалец велат дека тој почнал да покажува огромен интерес кон математиката уште на само 4-годишна возраст.
Гислејн споделува дека сфатила колку нејзиниот син ја сака математиката откако не можел да заспие бидејќи се обидувал да пресмета колку секунди има во еден час кога имал 4 години.
Барнаби посакал да го направи тестот на Менса бидејќи сакал да дознае повеќе за себе. Менса е всушност здружение на лица со висок коефициент на интелигенција, односно луѓе кои сочинуваат околу 2% од целото население.
Оние чии резултати од IQ тестот ќе покажат дека се дел од оваа група, можат да станал член на здружението.
„Му кажав на татко му дека можат да се случат само две нешта ако го направи тестот – или нема да освои доволно поени и ќе се разочара, или ќе стане дел од здружението, па ќе биде неподнослив за нас бидејќи е многу паметен“, вели мајка му на шега.
Барнаби веќе пробува да ги убеди неговите родители да му дозволат да запише неколку предмети на Оксфорд во јануари 2022 година.
Истовремено, за Божиќ, Барнаби побарал навистина необичен подарок за дете – криптовалути.
„Го следи пазарот. Одлучивме за Божиќ да му дадеме пари коишто ќе може да ги вложи во криптовалути“, споделува мајка му.
Прочитајте и: 9-годишно девојче со аутизам има повисоко IQ од Ајнштајн и веќе учи на два факултета
Спирова С. | Црнобело