По 8 спонтани абортуси и мртвородено бебе, пар го доби првото дете: „Тој е нашето божиќно чудо“

„За нас е вистинско чудо што станавме родители“ – по 8 спонтани абортуси и едно мртвородено бебе, пар од Австралија конечно го дочека првото дете што се родило на само една недела пред празниците.

po-8-spontani-abortusi-i-mrtvorodeno-bebe-za-bozhikj-go-dobile-prvoto-dete-toj-e-nasheto-bozhikjno-chudo-01.jpg

Кариса (33) и Дејв Морис (32) од Западна Австралија цели 13 години се обидувале да станат родители.

По осум спонтани абортуси и едно мртвородено бебе, годинава во април дознале дека очекуваат бебе по првиот циклус ин-витро оплодување, а на 17-ти декември го добиле синот Оливер.

po-8-spontani-abortusi-i-mrtvorodeno-bebe-za-bozhikj-go-dobile-prvoto-dete-toj-e-nasheto-bozhikjno-chudo-02.jpg

Кариса вели дека со години се обидувале да станат родители по природен пат, но често се случувало по шестата недела од бременоста таа да има спонтан абортус и да го загуби бебето.

„Направивме тестови и дознавме дека еден од моите канали е блокиран и поради тоа течностите се враќаа повторно во матката што практично делуваше како отров.

Откако ми го отстранија каналот, дознавме дека имаме проблем со плодноста и од страна на партнерот“ – вели таа.

po-8-spontani-abortusi-i-mrtvorodeno-bebe-za-bozhikj-go-dobile-prvoto-dete-toj-e-nasheto-bozhikjno-chudo-03.jpg

По ова Кариса и Дејв се обиделе со ин-витро оплодување и веднаш по првиот циклус таа останала бремена.

„Кога дознав дека сум бремена, тоа најверојатно беше најубавото чувство што сум го почувствувала, но заостанува зад чувството кога за првпат го зедов синот во раце“ – вели таа.

po-8-spontani-abortusi-i-mrtvorodeno-bebe-za-bozhikj-go-dobile-prvoto-dete-toj-e-nasheto-bozhikjno-chudo-06.jpg

Сепак, породувањето, не поминало без проблеми, затоа што малиот Оливер се родил три недели порано, а поради здравствената состојба морал веднаш да биде ставен во инкубатор.

po-8-spontani-abortusi-i-mrtvorodeno-bebe-za-bozhikj-go-dobile-prvoto-dete-toj-e-nasheto-bozhikjno-chudo-08.jpg

Кариса и Дејв празниците ги поминаа во болница каде сè уште е сместено нивното новородено бебе, но и покрај големиот број предизвици, новите родители се пресреќни што конечно го дочекаа своето прво дете.

„Тоа што го држев Оливер за првпат во раце беше магично. Тој дефинитивно сите нè врти околу прстот. Во моментов го хранат преку цевче во носот.

Празниците ќе ги поминеме заедно со него во болницата, а Божиќ ќе го прославиме кога ќе го пуштат од болница и тогаш ќе му ги дадеме сите подароци.

Навистина беше вистинско чудо тоа што знаеме дека успеавме да станеме родители“ – вели таа.

po-8-spontani-abortusi-i-mrtvorodeno-bebe-za-bozhikj-go-dobile-prvoto-dete-toj-e-nasheto-bozhikjno-chudo-07 (2).jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg