Највисокиот маж во светот (2.5m) бара жена во Русија: „Русинките сакаат згодни мажи, а имам и пари“
- Детали
- петок, 24 декември 2021
Највисокиот човек во светот, Турчинот Султан Косел кој е висок 251 cm, откако се разведе со поранешната сопруга отпатува во Русија во надеж да си најде жена со која ќе има деца.
Султан Косел (39) кој е висок 251 cm и има стапала со должина од 36 cm е носител на Гинисовиот Рекорд за највисок маж во светот. Тој во детството имал тумор на хипофизата поради што почнал да страда од гигантизам.
Тој во интервју за руските медиуми вели дека неодамна се развел од поранешната сопруга и решил да најде сопруга во Русија која ќе му роди две деца: сонува да има син и ќерка.
Вели дека слушал многу за убавината и добродушноста на руските жени, па затоа се одлучил на овој чекор.
„Треба да биде лесно. Слушнав дека Русинките сакаат згодни и учтиви мажи. Можам да обезбедам за себеси и не ми требаат пари“ – вели тој.
Султан појаснува дека планира да ја однесе идната сопруга во неговиот дом во Турција, што е далеку од морето, но, сепак е на „историско“ место во југоисточниот дел од земјата.
Султан во Москва го прослави и својот роденден, а видеото од прославата го објави на својот Инстаграм профил.
Највисокиот маж во светот вели дека тој самиот е навикнат на сопствената височина, но кога станува збор за љубовниот живот, тој наидува на проблеми.
Во 2013-та година тој се оженил за неговата поранешна сопруга, Сиријката Мерве Дилбо која е висока 175 cm и е 10 години помлада од него.
Како што вели, главен проблем бил тоа што имале проблем со комуникацијата, затоа што тој говорел турски, а таа само арапски.
Прочитајте и Како изгледаат секојдневните предмети во споредба со највисокиот човек на планетата кој има 251 сантиметар?
Б. С. Б. | Црнобело