Брат и сестра од Масаи племето, од село без струја во Танзанија, станаа интернет сензација
- Детали
- среда, 22 декември 2021
Облечени во традиционални Масаи фустани, опкружени со крави, брат и сестра, припадници на Масаи племето, снимаат видеа и се интернет сензација. Поголемиот дел од нивните соселани немаат телефони.
Кил (26) и Неема Пол (23) од Танзанија снимаат видеа од нивниот дом во малото село Минуди Тулиени, каде најблизок град им е Лугоба, кој е на еден час пешачење.
Во нивното село нема струја, па Кил оди секој ден во градот за да го полни својот телефон со кој снимаат видеа.
На видеата тие танцуваат на најпопуларните боливудски песни и штом започне музиката отвораат уста како да пејат на хинду јазик.
Нивните видеа станаа вирална сензација.
Во нивното село поголемиот дел од жителите воопшто немаат мобилни телефони.
„На почетокот снимавме само за да се забавуваме, никогаш не помисливме дека ќе станеме вирален хит. Кога видов колку многу реакции им од луѓето во Индија, на чии песни танцуваме, добивам бев шокиран.“, вели Кил кој додава дека за ова биле инспирирани од љубовта кон боливудските филмови.
Тој почнал да ги гледа кога тргнал во основно училиште во главниот град на Танзанија, Додома.
Братот и сестрата од Масаи племето кои порано времето го минувале работејќи на фарма, сега се во комуникација со најголемите индиски телевизии и радио станици.
На ТикТок профилот Кил сега има повеќе од 1.8. милиони следбеници и вели дека во нивното село дошле новинари за да ги снимаат како најголеми ТикТок ѕвезди во Танзанија и дека соселаните кои немаат телефони се чуделе за што станува збор.
Двајцата велат дека сонуваат да се најдат на филмското платно и ќе им биде навистина мило ако успеат во тоа.
Инаку сестрата на Кил никогаш нема живеено надвор од нејзиното село и вели дека навистина би сакала да ја посети Индија.
Дел од нивните видеа:
<p
С. С. | Црнобело