Англичанка се венчала со дрво за да го заштити од сечење – какви се овие бракови и каде се сметаат за традиција?

Кејти од Англија се венчала со дрво во 2019 година со цел да го заштити од сечење – идејата ја добила од жени од неколку Мексиканки кои направија слична кампања за да го спречат сечењето на шумите во Мексико. Во хиндуизмот, пак, ваквите бракови се и еден вид традиција, но од сосема поразлични причини.

anglichanka-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-01.jpg

Кејти Канингам има 37 години и е мајка на две деца, но има и навистина необичен „сопруг“ – дрво од парк во селото Сефтон во Англија.

Кејти се венчала со дрвото во 2019 година, а вели дека сега, три години подоцна, е посреќна од кога било. Кејти го посетува дрвото и до петпати неделно, па дури и го украсила со венец за празничната сезона.

„Ова ни е третиот заеднички Божиќ, па веќе стана традиција да го украсам“.

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-05.jpg

Кејти се грижи за нејзиниот син со аутизам, а во слободно време е активист за заштита на околината, а токму ова ја натерало да стапи во брак со дрвото.

Наводно, во 2019 година локалните власти планирале да градат автопат низ паркот, и со тоа да го исечат не само нејзиното, туку многу други дрвја. Во знак на протест, таа направила симболична венчавка со дрвото.

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-04.jpg

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-03.jpg

Кејти вели дека нејзината љубов кон ова дрво постојано се зголемува, како и дека дрвото веќе е дел од нејзиното семејство.

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-06.jpg

Таа тврди дека отсекогаш се чувствувала поврзано со природата, но конекцијата што ја почувствувала со ова дрво била посилна од сè.

„Луѓето до денес ми поставуваат прашања и не им е јасно кој ми е поттикот за венчавката. Ме прашуваат дали животот ми се подобрил на подобро – да, ми се подобри! Ме прашуваат дали го сакам дрвото – да, го сакам!“

Семејството и пријателите целосно ја поддржуваат Кејти, вклучувајќи го и нејзиното момче кое некогаш ѝ прави друштво кога го посетува дрвото.

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-08.jpg

Оваа необична венчавка ја натерала Кејти да се посвети повеќе на климатскиот активизам, а открива дека церемонијата била дел од поголема кампања.

Како што напоменавме, во 2019-та властите планирале да исечат голем дел од дрвјата во паркот, па Кејти и уште неколку луѓе почнале кампања за нивната заштита.

Кампањата се покажала како успешна, па автопатот почнал да се гради понастрана од паркот.

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-07.jpg

Кејти добила инспирација за овој брак од жените од Мексико кои со слична кампања пробаа да за заштитат голем шумски предел.

Поради сечењето на дрвјата, дури и на места каде што е забрането, Мексико изгуби големи шумски површини. Поради ова, неколку сингл жени се венчале со дрвја надевајќи се дека ќе ги заштитат.

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-11.jpg

Наводно, овие бракови не се легални бидејќи дрвјата, логично, „не можат да се согласат на брак“ и целта на церемониите е само да се подигне свеста за проблемот со неконтролираното сечење на шумите.

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-0.jpg

„Венчавката со дрво е еден вид протест, начин да кажеме дека треба да престанеме да ја уништуваме природата секој ден, секоја минута секоја секунда. Мислам дека е интересно што со оваа церемонија се посветивме не само на дрвото, туку на целата природа.

Почнав да размислувам за тоа колку штета ѝ имаме нанесено на природата, па решив да дојдам овде и да се венчам со дрво“, изјави една од девојките за Yahoo Lifestyle.

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-13.jpg

Всушност, постојат неколку вакви случаи каде што жени се обидуваат да ги заштитат дрвјата на сличен начин. Во Бристол годинава, над 70 жени се венчале со дрвја кои требало да бидат исечени за изградба на згради.

Во 1970-тите, пак, неколку жени од Индија сакале да го спречат неконтролираното сечење на дрвја во близина на нивните домови, па започнале движење познато како Chipko (што може да се преведе како „прегратка“) и ги прегрнувале дрвјата.

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-02.jpg

Поради овој подвиг, нивните дрвја биле заштитени, а за овој настан се вели дека е еден вид пресвртна точка во еколошкиот активизам.

zhena-od-anglija-se-venchala-so-drvo-za-da-go-zashtiti-od-sechenje-kakvi-se-ovie-brakovi-i-kade-se-smetaat-za-tradicija-09.jpg

Во повеќето држави, бракот со предмети, дрвја и слично, не може да биде легален – церемонијата е повеќе духовна и симболична.

Сепак, според британскиот медиум Metro, нема ни конкретни закони кои се однесуваат на оваа проблематика, и покрај тоа што има случаи каде што луѓе се венчаат со луди работи како секс-кукли, па дури и Ајфеловата кула.

Додека обично браковите со дрвја се дел од еколошки активизам, во хиндуизмот симболичниот брак со дрво е всушност добро позната традиција.

Наводно, жените чија натална карта покажувала дека се „проколнати“ и можат да бидат причина за рана смрт на нивните сопрузи, прво се венчаат со дрво.

Според традицијата, пред да стапат во брак со маж, тие се венчаат со дрво, кое потоа се уништува пред да почне вистинската венчавка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
ТВ водителка поминала 400 операции, откако бившиот ја нападнал со киселина: „Се плашев од луѓето“ „Не сакав никого да видам и не сакав никој да ме види. Се сеќавам колку се плаше...
Девојка од Мексико стана првиот адвокат со Даунов синдром: „Сакам да ги бранам луѓето како мене“ Ана од Мексико стана првиот адвокат во светот со Даунов синдром. Дипломирала во ...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Мајка на девојче (13) кое било спасено од принуден брак со братучед: „Сопругот нѐ измами“ „Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а таму, сопругот нѐ из...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg