Нови фотки од Swarovski елката во Милано, декорирана со кристални скулптури на симболите на градот (фото)
- Детали
- вторник, 14 декември 2021
Дванаесетметарската новогодишна елка е дизајнирана од креативната директорка на Swarovski, а годинава во подножјето се вметнати и кристални скулптури на омилените симболи на Милано.
Со 10.000 светилки и стотици кристали и годинава традиционално, осма година по ред, беше накитена Swarowski елката во Милано.
Фото: Инстаграм
Елката што е декорирана со луксузните кристали, е висока над 12 метри, а повторно традиционално е изложена во галеријата Виторио Емануле во центарот на градот.
Фото: Инстаграм
Годинава елката ја нарекуваат „Дрво на чудата“, а е дизаjниранa од страна на Џована Баталија Енеглберт, креативната директорка на Swarovski.
Фото: Инстаграм
Од компанијата велат дека истата е „љубовно писмо до Милано“ затоа што на него се застапени кристални склуптури на четирите најомилени симболи на градот: Театарот „Скала“, Миланската Катедрала, Замокот Кастело, и познатиот трамвај управуван од парна локомотива.
Фото: Инстаграм
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Swarovski елката во Милано:
Фото: Инстаграм
https://www.instagram.com/p/CXdUjB1AhgT/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CXdRZVvIIXb/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CXdJKAaNg1E/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CXDo7kVNNhM/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело