„Имам 19 години и сум модел со Даунов синдром - сакам да ги инспирирам сите да ги следат своите соништа“

Браво! Ели од Велика Британија е доказ дека соништата се исполнуваат само ако силно посакате. 

imam-19-godini-i-sum-model-so-daunov-sindrom-sakam-da-gi-inspiriram-site-da-gi-sledat-svoite-sonishta-01.jpg

Ели Голдстајн е првиот модел со Даунов синдром што позираше за брендот Gucci, а нејзините фотографии се појавија во италијанскиот Vogue и низа други магазини.  19-годишната девојка од Велика Британија не престанува да реди успеси, а сега се најде на насловната страница на магазинот „Fabulous“ по повод изборот жена на годината.

Таа вели дека главна цел ѝ е да покаже што може да се постигне со верба во себе. Сака да ги охрабри сите да ги следат нивните соништа. Уште од 3-годишна возраст е пред камерите, а години наназад работи како модел.

imam-19-godini-i-sum-model-so-daunov-sindrom-sakam-da-gi-inspiriram-site-da-gi-sledat-svoite-sonishta-05.jpg

„Сум била дел од толку многу кампањи што тешко ми е да ги запомнам сите“, вели низ насмевка девојката за која докторите предвидувале кога се родила дека нема да може да оди, да зборува и да води самоостоен живот.

imam-19-godini-i-sum-model-so-daunov-sindrom-sakam-da-gi-inspiriram-site-da-gi-sledat-svoite-sonishta-02.jpg

Нејзината 57-годишна мајка Ивон вели дека е пресреќна кога гледа како нејзината ќерка позира пред камерите, како руши бариери во модниот свет и реди успеси.

imam-19-godini-i-sum-model-so-daunov-sindrom-sakam-da-gi-inspiriram-site-da-gi-sledat-svoite-sonishta-04.jpg

imam-19-godini-i-sum-model-so-daunov-sindrom-sakam-da-gi-inspiriram-site-da-gi-sledat-svoite-sonishta-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg