„Лажирав цела свадба за да го натерам бившиот да ми се јави - кој беше резултатот?“

„Наместо свадба, требало да направиш само свршувачка, зошто би ѝ се јавил на мажена жена“ - коментираат дел од луѓето што ја проследија приказната на оваа девојка која тврди дека лажирала цела свадба за да го натера бившиот да ѝ се јави.

lazhirav-cela-svadba-so-akter-i-profesionalen-fotograf-za-da-go-nateram-bivshiot-da-mi-se-javi-01.jpg

Што сè сте подготвени да направите за да го натерате бившиот да ви се јави? Оваа девојка решила да го направи љубоморен поранешниот партнер така што лажирала цела свадба со професионален фотограф и актери. Но, признава дека не го постигнала очекуваното.

 lazhirav-cela-svadba-so-akter-i-profesionalen-fotograf-za-da-go-nateram-bivshiot-da-mi-se-javi-02.jpg

Вообичаено, по лошото раскинување следува блокирање на телефонските броеви, но оваа девојка се надевала дека нејзиниот поранешен партнер ќе си ја увиди грешката и ќе ја побара. Кога тоа не се случило, решила нештата да ги земе во сопствени раце, но не му се јавила, туку лажирала цела свадба сакајќи да го направи љубоморен.

 lazhirav-cela-svadba-so-akter-i-profesionalen-fotograf-za-da-go-nateram-bivshiot-da-mi-se-javi-03.jpg

Девојката што стои зад профилот@dieschakin на ТикТок ја сподели својата неверојатна приказна.

„Се сеќавам на времето кога ја лажирав сопствената свадба и направив професионална фотосесија за да го натерам да ме побара“ – вели таа.

 lazhirav-cela-svadba-so-akter-i-profesionalen-fotograf-za-da-go-nateram-bivshiot-da-mi-se-javi-04.jpg

Освен венчаницата и професионалната шминка, на фотографиите што ги објавува може да се види дека целосно се посветила на задачата, па ангажирала актер за да биде младоженец и платила за посебен простор.

 lazhirav-cela-svadba-so-akter-i-profesionalen-fotograf-za-da-go-nateram-bivshiot-da-mi-se-javi-05.jpg

Но, за жал, луксузната свадба не го натерала бившиот да ѝ се јави.

„Најлошо е што ги виде моите објави во Стори и не ми се јави“ – вели таа.

 lazhirav-cela-svadba-so-akter-i-profesionalen-fotograf-za-da-go-nateram-bivshiot-da-mi-se-javi-06.jpg

Дел од нејзините следбеници велат дека претерала со свадбата, наместо тоа требало да направи само „свршувачка“. „Зошто тој воопшто би ѝ се јавил на жена што се омажила?“

lazhirav-cela-svadba-so-akter-i-profesionalen-fotograf-za-da-go-nateram-bivshiot-da-mi-se-javi-07.jpg

Погледнете го видеото во продолжение:

@dieschaklin

Worst part is he watched my story and still didn't reach out ??? ##fyp ##sundayroutine##styleinspo ##dayinmylife ##foryou ##godblessme ##godhelpme

♬ Insane - Summer Walker

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg