Оди па вози овде!
- Детали
- петок, 08 јули 2011
Тоа дека ни старите членки на Европската Унија не се имуни на корупција и неверојатни одлуки на локалните власти, сведочи реконструкцијата...
...на оваа улица. Завршена е и отворена пред неколку недели во Белгија.
Долга е сè на сè неколку километри, а има неверојатни 250 сообраќајни знаци, кои од двете страни на улицата на секои десетина метри предупредуваат на стеснувања поради дрвата помеѓу кои поминува улицата, како и други знаци за ограничување на брзината.
Уште првиот ден по отворањето на улицата се случиле неколку сообраќајни незгоди, а и на видеото кое е во прилог може да се види како некои знаци се срушени или искорнати. Еден од незадоволните возачи на ѕидот покрај улицата и напишал порака на власта во која ги прашува: „Сте полуделе ли?“
Она што најмногу зачудува во оваа бизарна приказна е фактот што луѓето од локалната власт кои го одобриле овој проект одлучиле да застанат зад него со малку необично објаснување.
„Сакавме да ја прошириме улицата за да можат да се движат камиони по неа, но поголемиот дел од трасата мораше да биде стеснет поради дрвјата. Исто така, сакавме да избегнеме улицата да ја направиме потполно права, поради тоа што возачите имаат обичај да возат брзо на правите делови.“ - изјавил портпаролот.
Останува да се запрашаме, како тоа никому не му текнало дека можеби улицата и неморала да поминува баш помеѓу дрвјата!?