Кои мерки ги воведуваат десетте најчисти градови во светот за да го намалат загадувањето?
Хелсинки (Финска)
Во Хелсинки жителите на работа одат со автобус или со велосипед и се трудат градот да биде колку е можно почист. Исто така, воведени се посебни владини мерки за намалување и на индустриското загадување.
Амстердам (Холандија)
За Амстердам се знае дека е „главен град на велосипедистите“ во Европа. Во градот има над 600.000 велосипеди за изнајмување.
Виена (Австрија)
Виена често се наоѓа на листите на најчисти градови во светот благодарение на големите вложувања за отстранување на отпадот.
Има доста развиен јавен превоз, а и жителите во главно се заинтересирани за одржување на хигиената во градот.
Рејкјавик (Исланд)
Главниот град на Исланд воопшто не е загаден. Освен што речиси и нема загаденост на водата за пиење, Рејкјавик планира да ја стави емисијата на штетни гасови на нула до 2040-та година, преку промовирање на пешачењето и намалување на урбанистичкото проширување.
Фрајбург (Германија)
Фрајбург е познат како „Градот на цвеќињата“ бидејќи е исполнет со дрвја и ритчиња прекриени со цвеќиња.
Градот е исполнет со голем број зелени површини, а малиот број автомобили и еколошките мерки во домовите прават воздухот да биде свеж и чист.
Б. С. Б. | Црнобело