Кои мерки ги воведуваат десетте најчисти градови во светот за да го намалат загадувањето?
- Детали
- недела, 19 декември 2021
Улиците во Копенхаген се чистат трипати дневно, а Фрајбург во Германија е познат како „градот на цвеќињата“ поради многуте зелени површини.
Додека голем број светски и европски метрополи имаат проблеми со загадувањето и со одржувањето на хигиената, неколку градови во Европа и во светот гордо се наоѓаат на листата на најчисти градови во светот.
Интересно е што повеќето градови на листата на „најчистите“ во светот се во скандинавските земји во Европа.
Во продолжение погледнете ја листата на десет најчисти градови во светот:
Копенхаген (Данска)
Водата во пристаништето на Копенхаген е толку чиста, што жителите може да се бањаат без страв од загаденост. Дополнително, улиците во градот се чистат најмалку трипати дневно.
Цирих (Швајцарија)
Цирих е познат по тоа што има мошне ефективен и чист јавен превоз. Луѓето избегнуваат да користат сопствени возила, па ги користат можностите да патуваат со јавниот превоз: бродови, автобуси и трамваи.
Осло (Норвешка)
Главниот град на Норвешка постојано воведува правила и изуми за да стане „позелен“. Градот пред неколку години воведе автобуси што користат гориво произведено од човечки фекалии.
Калгари (Канада)
Калгари беше прогласен за најчист град во светот во 2013-та година и сè уште настојува да биде меѓу најчистите во светот.
Во овој град има големи казни за непрописно фрлање отпад и воведени се посебни програми за рециклирање, како и поголем број еко-иницијативи.
Аделаида (Австралија)
Возилата имаат забранет пристап во дел од центарот на Аделаида. Во градот има зелени паркови на огромни површини, а околу 85% од отпадот се рециклира.