Девојката на Џеф Безос „се топи“ пред Ди Каприо, најбогатиот човек во светот му се „закани“ на Лео (фото+видео)
- Детали
- вторник, 09 ноември 2021
Ниту девојката на најбогатиот човек на светот не може да му одолее на шармот на холивудскиот заводник Леонардо Ди Каприо. Девојката на Џеф Безос, Лорен Санчез се топеше пред холивудскиот актер додека покрај неа беше нејзиниот партнер.
Девојката на најбогатиот човек на светот Џеф Безос не можеше да одолее на шармот на Леонардо Ди Каприо (46).
На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како Лорен Санчез (51) го прегрнува холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо и не може да сокрие дека го „впива“ со погледот, додека крај нив е нејзиниот партнер.
Лео беше домаќин на LACMA гала вечерта во Лос Анџелес, а Санчез не ја пропушти приликата со широка насмевка да му се доближи на холивудскиот заводник, да го прегрне и да се обиде одблиску да разговара со него.
Видеото досега е погледнато над 16.7 милиони пати, а се гледа како Санчез се топи пред Лео и оди по него за да го продолжи разговорот.
Leo is Mr. Steal Yo Girl pic.twitter.com/PkwcRcoFvS
-->-->— Barstool Sports (@barstoolsports) November 7, 2021
За време на настанот Безос молчел до неговата девојка, но откако видеото доби вирален карактер, тој на шега се закани на социјалните мрежи:
„Лео, дојди, сакам нешто да ти покажам …“ – стои во описот на фотографијата што милијардерот ја објави на Твитер, а на која се гледа како Безос е потпрен на знак на кој пишува ’Опасност! Стрмен терен, опасен пад‘.
Leo, come over here, I want to show you something… @LeoDiCaprio https://t.co/Gt2v9JZTNz pic.twitter.com/KqGLB839NI
— Jeff Bezos (@JeffBezos) November 8, 2021
Погледнете повеќе фотографии од Безос и Санчез на црвениот тепих на гала вечерта:
Б. С. Б. | Црнобело