Девојка од САД на 15 години била киднапирана од сериски убиец, го надмудрила - сега е полицаец
Таа помогнала да се идентификува нејзиниот напаѓач кој избегал на Флорида, штом сфатил дека таа избегала од неговито апартман, но се убил по започнувањето на полициската потрага.
Кара со татко ѝ
„Бев малку бесна поради тоа што се уби, моите чувства со години одеа од крајност во крајност - од бес до олеснување што не требаше да се соочам со него во судница и да ги кажувам деталите за тоа што ми се случи. Исто така, немам потреба да се грижам дека некогаш би можел да излезе од затвор.“
Робинсон дознала дека Ричард бил сериски убиец и истрагата покажала дека убил најмалку 3 девојки на возраст од 12, 15 и 16 години во текот на 1996 и 1997 година. Тој е осомничен и за други злостроства, но поради тоа што се самоубил, отпосле било тешко да се докаже поврзаноста.
Сепак дел од Кара е бесен што немала можност да се соочи со него.
„Сакав да знае дека го надмудрив, сакав да знае дека и покрај тоа што ме избра, јас немав намера да се предадам и да бидам негова жртва. Инаку, не сакам луѓето да ме жалат, сакам да ме гледаат како инспирација, јас не сум слаба, јас се изборив.“
Искуството ја инспирирало да се запише на полициска академија и да работи во полиција.
Уште во училиште волонтирала за да помогне околу решавање на случаите на убиства на Ричард.
Таа е фокусирана на помош на жртвите од напади и злоупотреби. Кара е и мајка на два сина и мотивациски говорник.
„Никогаш не се мачев со мислата зошто јас, секогаш знаев дека ми се случи мене затоа што јас можев да се справам со тоа и да им помогнам на другите со мојата приказна“.
С. С. | Црнобело