Девојка од САД на 15 години била киднапирана од сериски убиец, го надмудрила - сега е полицаец

„Во тој апартман знаев кои му се намерите кон мене. Додека ме напаѓаше чувствував како тоа да му се случува на некој друг. Како да го исклучив мозокот и го напуштив моето тело. Никогаш не се мачев со мислата зошто јас, секогаш знаев дека ми се случи мене затоа што јас можев да се справам со тоа и да им помогнам на другите со мојата приказна“, раскажува храбрата Кара од САД.

devojka-od-sad-na-15-godini-ja-kidnapiral-seriski-ubiec-se-oslobodila-sega-e-policaec-01.jpg

Кара Робинсон (35) од Јужна Каролина, САД, пред речиси 20 години, односно на 15-годишна возраст, била киднапирана, држена 18 часа во заробеништво и злоупотребувана од страна на Ричард Евониц, човек за кој потоа дознала дека всушност е сериски убиец.

Таа ја раскажува својата приказна во документарниот филм Escaping Captivity: The Kara Robinson Story.

„Тоа што ме киднапираше мене му беше најголемата грешка што ја направи“, вели Кара, која сега е полицаец, мотивациски говорник и советник за жртви на злоупотреби.

devojka-od-sad-na-15-godini-ja-kidnapiral-seriski-ubiec-se-oslobodila-sega-e-policaec-02.jpg

Робинсон ги наводнувала цвеќињата сама во дворот на своја пријателка во јуни 2002 година, кога маж со возило застанал на пристапната патека кон куќата и ја прашал дали може да ѝ даде некое списание.

„Како што ми подаваше, почувствував црвена тревога во главата, кога тој ми го притисна пиштолот на вратот и ми кажа дека ако врескам ќе ме застрела.“

Потоа тој ја сместил во задниот дел од автомобилот, а таа размислувала трезвено и веднаш започнала да помни информации за нејзиниот киднапер, вклучувајќи ја дури и неговата регистерска табличка.

devojka-od-sad-na-15-godini-ja-kidnapiral-seriski-ubiec-se-oslobodila-sega-e-policaec-000.jpgКара на 15 години и нејзиниот киднапер

„Во тој миг мојот мозок како да ги исклучи емоциите. Само сакав да преживеам“, вели Кара.

Откако ја однел во неговиот апартман, киднаперот ѝ ставил лисици на рацете и ѝ ги врзал нозете, каде ја дрогирал и одново и одново ја силувал во тек на 18 часа.

devojka-od-sad-na-15-godini-ja-kidnapiral-seriski-ubiec-se-oslobodila-sega-e-policaec-05.jpg

„Во тој апартман знаев кои му се намерите кон мене. Додека ме напаѓаше чувствував како тоа да му се случува на некој друг. Како да го исклучив мозокот и го напуштив моето тело“.

devojka-od-sad-na-15-godini-ja-kidnapiral-seriski-ubiec-se-oslobodila-sega-e-policaec-06.jpg

Додека го планирала своето бегство, Робинсон обрнувала внимание на сите детали и тоа од магнетите во кујната до долгите, црвени влакна во четката за коса.

Вели дека како некој глас во главата да ѝ кажал дека има само две опции и тоа, да биде смирена, да избега и да преживее или да паничи, да вреска и можеби да умре.

Во себе си повторувала дека мора да собира информации за да успее да побегне.

„Во себе одлучив дека ќе останам смирена како можам и најдолго што можам.“

devojka-od-sad-na-15-godini-ja-kidnapiral-seriski-ubiec-se-oslobodila-sega-e-policaec-07.jpg

Таа успеала да се ослободи наредното утро додека нејзиниот напаѓач спиел покрај неа во креветот. Кога избегала низ вратата, стопирала автомобил и двајца мажи ја одвеле во најблиската полициска станица.

Приказната продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Дечко ја убил бившата девојка 2 дена пред нејзиното дипломирање: Убиството што ги потресе Италија и ... Минатата недела, илјадници Италијанци протестираа барајќи поголема заштита за же...
100-годишник се ожени со својата 102-годишна девојка - се запознале во старечки дом Парот се запознал на забава под маски, а првиот состанок го имале на денот кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg