Му ги прости секс-скандалите, заедно се 50 години – Факти за Бил и Хилари Клинтон
- Детали
- петок, 15 октомври 2021
Заедно се 50 години, заедно ја градеа политичката кариера, а Хилари двапати му ги прости секс-скандалите. Погледнете неколку интересни факти за врската меѓу Бил и Хилари Клинтон.
Моментално поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон (75) е примен во болница во Лос Анџелес поради труење на крвта и во моментов е на интензивна нега.
Според портпаролот на Клинтон, здравствената состојба на поранешниот претседател на САД се подобрува и заболувањето не е поврзано со ковид, а негова поддршка како секогаш е сопругата Хилари, која е исто така забележана во болницата.
Бил и Хилари Клинтон се едни од најпрепознатливите политички фигури во светот.
Во брак се цели 50 години, а Хилари му ја прости и аферата со Моника Левински за којашто имаше и јавен судски процес. Освен со Левински, Бил претходно имаше уште еден секс-скандал што се решаваше по судски пат.
Погледнете повеќе факти за Бил и Хилари Клинтон:
Бил Клинтон (75) и Хилари Клинтон (73) се заедно од студентските денови, уште од 70-те години на минатиот век, а речиси исто толку време се и во политиката – како моќен политички пар.
Се запознале во 1971-та година, додека студирале на Јејл, а Бил призна дека се запознал со неа во библиотеката, откако претходно ја забележал на предавањата и бил маѓепсан од нејзината сила и самодоверба.
Хилари го одбила првиот предлог за брак на Бил во 1973-та година, затоа што сè уште не била подготвена.
Се венчале во 1975-та година по 4 годишна врска, а на свадбата имало само 15 гости.
Во 1980-та година ја добија ќерката Челзи Клинтон.
Во 1992-та Бил беше избран за претседател на САД, а Хилари стана прва дама.
Четири години пред Левински, во 1994-та година Бил беше вплеткан и во друг секс-скандал, кога Паула Џонс го обвини Бил дека се обидел да ја заведе на конференција во Арканзанс. Судскиот спор беше решен спогодбено, при што Џонс доби исплата од 850.000 долари.
Во 1998-та година одекна веста за секс-аферата со Моника Левински, поради што му беше изгласана недоверба и беше исфрлен од „Белата куќа“.
Во 2014-та година Бил и Хилари станаа баба и дедо, откако ќерката Челзи ја роди нивната внука Шарлот Клинтон Мезвински.
Во 2015-та година ја прославија 40-тата годишнина од бракот.
Б. С. Б. | Црнобело