„Бев доста сексуално активна, но запознав маж за кој сакам да бидам невина - затоа ќе си направам операција“
- Детали
- петок, 15 октомври 2021
По бурното минато, Лејла Морган (34) од Обединетото Кралство ќе оди на операција за зашивање на хименот за да има незаборавна прва брачна ноќ со сопругот.
Лејла ја раскажа својата приказна за The Sun и вели дека една вечер додека разгледувала на Инстаграм се почувствувала ужасно затоа што видела дека сите нејзини пријателки објавуваат фотографии со момчињата со кои се долго време во врска или се свршени. Таа сфатила дека е единствената од другарките што сè уште е сингл.
Лејла била сексуално активна од 15 години, а во минатото имала доста врски и бурно минато, па вели дека побарала помош од онлајн агенции за состанување со цел да најде некого со кого ќе започне заеднички живот.
„Имав доста бурен љубовен живот и ја загубив невиноста на 15 години и да бидам целосно искрена, доста експериментирав на сексуален план, сум била на свингерски забави, клубови за фетиш и слично.
Сепак, мошне ми е важно да се смирам и да основам семејство“ – вели таа.
Таа го запознала нејзиниот свршеник Мајк (35) на онлајн страница за состанување и знаела дека го запознала човекот од нејзините сoништа.
Како што вели, тие имале многу заеднички работи и се чувствувала како да се познаваат од некој претходен живот.
„Единствената разлика беше во тоа што Мајк имал само две сексуални партнерки и со двете бил во долги врски. Додека јас бев мошне самоуверена и искусна, тој е мошне тивок и невин во поглед на сексот.
Јас бев искрена со него од самиот почеток за моето минато и тој се чувствуваше малку уплашено затоа што имам поголемо сексуално искуство од него“ – вели Лејла.
Тие биле само на 4 состаноци пред Мајк да ја побара за сопруга, а таа била воодушевена од предлогот за брак и прифатила.
Сепак, вели дека сака за првата брачна ноќ сексот повторно да го доживее како нешто сосема ново, па затоа одлучила да оди на операција за реконструкција на хименот.
Со оваа операција се зашиваат остатоците од некогашниот химен и на жената повторно ѝ се враќа невиноста.
При пробивање на новиот химен исто така следува крвавење, а целата процедура на реконструкција трае од 1 до 2 часа и во Обединетото Кралство чини од 2.000 до 3.500 евра.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com