Хит потег! Невеста и младоженец си се пресоблекоа во тренерки и патики среде свадба
- Детали
- среда, 13 октомври 2021
„Многу ми беше мило што ја заменив венчаницата со тренерки затоа што можев да се движам и целата атмосфера веднаш стана порелаксирана“, вели невестата. Хит потегот на младиот пар од Висконсин ги подели мислењата на социјалните мрежи.
Алејна (20) и Ганер Трип (20) направија свадба во шума во мало гратче во сојузната американска држава Висконсин.
Церемонијата им беше инспирирана од филмот Twilight, со многу сијалички и интимна прослава со само 80 гости.
Но, околу 22 часот вечерта младиот пар на изненадување на присутните одлучи венчаницата и костимот да ги заменат со тренерки и патики.
Алејна вели дека делот со тренерки од свадбата им бил 20 пати позабавен затоа што се чувствувале, пријатно, комфорно и можеле да танцуваат.
„Многу ми беше мило што ја заменив венчаницата со тренерки затоа што можев да се движам и целата атмосфера веднаш стана порелаксирана“, вели таа и додава дека идејата им дошла на шега, а кога го споменале тоа пред девериците на свадбата тие им рекле дека е кул, па така парот се одлучил на ваков потег.
Мислењата на социјалните мрежи се поделени.
Како ви се допаѓа вам овој потег?
С. С. | Црнобело