„Јас сум полничка девојка со дечко бодибилдер - зошто сите мислат дека ме изневерува?“
- Детали
- вторник, 05 октомври 2021
„Луѓето мислат дека единствените жени кои се изневерени се полничките жени, не знам зошто“, вели Алиша Меккарвел од САД.
Алиша и Скот се заедно 15 години, а Алиша постојано добива коментари дека Скот сигурно ја изневерува затоа што изгледаат сосема поинаку еден од друг, односно тој е бодибилдер, а таа е малку полничка.
Алиша Меккарвел е девојка од САД која постојано се соочува со негативни коментари на сметка на нејзиниот изглед во споредба со изгледот на нејзиниот сопруг.
Таа е со него 15 години, но вели дека луѓето не престануваат да носат бизарни заклучоци од типот дека тој сигурно ја изневерува затоа што тој е бодибилдер, а таа не е во фит форма.
Вели дека дури директно ја прашуваат дали е загрижена дека такво нешто може да се случи поради разликата во физичкиот изглед.
„Луѓето мислат дека единствените жени кои се изневерени се полничките жени, не знам зошто“, вели таа и додава дека некои одат дотаму што ја прашуваат дали таа го спонзорира Скот и дали тој е со неа поради пари.
На негативните коментари Алиша вели: „Тој не ме поседува, ниту пак има права врз моето тело, јас никогаш не потпишав дека ќе изгледам на одреден начин и нему му е сосема во ред тоа.“
Алиша која во минатото одела на бодибилдинг натпревари вели дека во еден период поради екстремните режими станала многу слаба и немала енергија, па сега одлучила да го слуша своето тело, дури и тоа да значи да качи некој килограм плус.
Луѓето кои ја бранат Алиша на социјалните мрежи велат: „Да беше ситуацијата обратна, односно мажот да беше полничок, никој немаше да коментира, нели?“, „Многу сум бесна што добиваш вакви коментари, зарем не можат луѓето да се помират дека вие сте среќен пар?“...
https://www.instagram.com/p/CT7rDdHJoNq/
С. С. | Црнобело