Невин маж (41) пет години преку оглас ја бара совршената девојка – кои се условите заради кои не успева?
- Детали
- понеделник, 04 октомври 2021
Даниел Пиечник (41) од Австралија пред пет години се обратил до маркетинг компанија и поставил веб банер со цел да ја најде совршената жена за него со која сака да ја загуби невиноста.
Но, поради еден услов, овој бизнисмен пет години не може да ја најде љубовта. Имено, тој помеѓу другите услови во огласот бара неговата совршена партнерка да го има истото сексуално искуство како него – односно да биде невина.
Во 2016-тата година тој направил веб страна и платил неговиот банер да се појави на повеќе познати веб страници во Австралија, со директен линк до неговата страна.
Во видеото што го објавил и во кое се претставува, вели дека бара жена што била сконцентрирана на кариерата и се чувала себеси за подоцна, кога ќе знае дека е вистинскиот момент.
Даниел вели дека бил мошне изненаден кога сфатил дека ваквите сфаќања се сметаат за застарени и дека никој не го прави тоа повеќе.
„Многу е тешко да најдете некоја жена што претходно немала партнер и не легнала со некого“ – вели тој, а додава дека сака со некого да направи сè како што треба од самиот почеток.
Неговата совршена девојка освен што треба да биде невина, треба да биде и „ведра“ и да ужива во „интелектуални разговори“.
Сепак, и покрај тоа што досега немал среќа, Даниел не се откажува од својата потрага по вистинската личност.
Заинтересираните девојки може да му пишат на мејл, или да го побараат преку Skype.
Б. С. Б. | Црнобело