„Што ти е тоа златен бургер?“ - Фамозниот Salt Bae ги разлути гостите со цените во неговиот ресторан
- Детали
- среда, 29 септември 2021
45.000 денари за месо и 14.000 денари за услуга - цените во лондонскиот ресторан на Salt Bae според многумина се бесмислени, а твитерџиите не ја испуштија можноста да го критикуваат и да се пошегуваат на негова сметка.
Готвачот познат како Salt Bae успеа да изгради светска кариера и отвори ресторани на неколку атрактивни локации ширум светот.
Иако донекаде беше познато дека неговите ресторани се поскапи, откако еден твитерџија ја сподели сметката од ресторан во Лондон, јавноста смета дека готвачот претерува со цените.
Твитерџијата познат како Jamz сподели фотка од сметка од ресторанот на Salt Bae во Лондон со опис:
„44 британски фунти (3.000 денари) за 4 лименки Red Bull… се смеам“.
44 great british pounds for 4 redbulls… having a laugh. pic.twitter.com/xgzs8f2cEu
-->-->— jamz ♠️ (@jjamz_) September 26, 2021
Од сметката се гледа дека нема оброк поевтин од 100 фунти (околу 7.000 денари), а пијалаците, како Red Bull чинат по 9 фунти (640 денари).
Целата сметка со нарачките изнесува 1.576 фунти, а како ова да е малку, додадени се 15% од цената (236 фунти) за услуга. Што значи, вкупната сума изнесува 1.812 фунти или околу 130.000 денари.
Смешно е што на сметката има турски чај кој е бесплатен, па твитерџијата се надоврзал на неговата објава со:
„Само што видов дека турскиот чај е бесплатен. Смирен сум, изреагирав бурно, моја грешка“.
Објавата стана вирална, па твитерџиите не се воздржуваа за критики и шеги на сметка на огромните цени:
„Зошто баклавата чини 22 фунти (1.500 денари)? Морам да ја видам таа порција“.
„Што е тоа златен бургер? За 100 фунти (7.000 денари) дали е најдобриот бургер на светот? И 630 (45.000 денари) долари за бифтек? Јас би си излегол без да платам. Ова е смешно. И 44 фунти за Red Bull е бесмислено“.
„Луѓето ја трошат цела моја плата за една вечера“.
„Поевтино е да отидете во Турција и да го посетите оригиналниот ресторан“.
„Се надевам дека ти го даваат остатокот од кравата штом плаќаш 630 фунти за парче месо“.
„Ништо овде нема смисла, особено пијалаците. За таа цена треба да ги послужат во Светиот грал“.
„Не ми се верува дека се осмелил да наплаќа и за услуга кога служи храна и пијалаци со трипати повисока цена“.
Наводно, специјалитетите во лондонскиот ресторан се позлатени оброци, како позлатен бифтек и чинат околу 1.450 фунти (103.500 денари), а се служи и позлатено кафе по цена од 500 фунти или 35.600 денари.
Што мислите вие за цените во ресторанот на Salt Bae?
Прочитајте и Нема завршено основно, татко е на 13 деца – кој е Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae?
Спирова С. | Црнобело