Стјуардеса на луксузни јахти открива: „Екипажот спие во тесни кабини, бакшишот може да биде и 5.000 долари“
- Детали
- вторник, 28 септември 2021
„Кога сопствениците не се на бродот, уживате во луксузот, но кога сте на патување, спиете во тесните соби за персоналот“. Долгогодишна стјуардеса појаснува како изгледа да се работи на луксузните јахти на богатите и славните.
Американката Кејт Частејн (38) со години работела како стјуардеса на луксузни јахти. Таа беше дел од познатото шоу на Нетфликс, Below Deck, преку кое светската јавност можеше да се запознае со тоа како изгледа животот на екипажот и капетаните на овие бродови и како тие се справуваат со гостите и со животот на море.
Кејт почнала да работи како стјуардеса на луксузни јахти наменети само за богатите и славните откако завршила колеџ во 2007-мата година, а во шоуто Bellow Deck се појавуваше во периодот од 2014-та до 2020-та година.
Во некои од видеата од шоуто Кејт открива повеќе интересни детали, за тоа како изгледа животот на екипажот на бродот, за врските помеѓу вработените, но и за познатите личности што имала можност да ги запознае.
Таа вели дека во најголем дел од времето сопственикот воопшто не е на бродот, па така екипажот има слободни раце и едноставно може да ужива во богатството и луксузот.
„Освен таа слобода, имате и врвен готвач што готви за вас па не мора да платите за ништо, од хигиенските производи до храната и пијалaците. Се чувствувате како најсреќната личност на светот“ – вели таа.
Сепак, кога сопственикот и гостите ќе дојдат на бродот, перосналот мора да се врати во своите соби, што се значително помали простории на катот на бродот, а како што вели честопати може да се случи да дојде и до романтични врски помеѓу членовите на екипажот.
„Може да има и романтични врски. Едноставно ќе се сплеткате затоа што сте блиску, но кога ќе се симнете на копно, си помислувате: ‘Дали воопшто ми се допаѓа таа личност’“ – вели таа и појаснува дека доколку романсата помеѓу вработените пропадне, најчесто се случува еден да го напушти бродот, затоа што не е подносливо да живеете заедно во толку тесен простор.
Во однос на тоа, колкав бакшиж добиваат вработените на овие јахти, Кејт појаснува дека најчесто очекуваат тој да изнесува од 1.000 до 5.000 долари по вработен.
Како што појаснува, иако патувањето е можеби само пет дена, тие работат долги смени и мора постојано да бидат достапни за гостите.
Сепак, покрај напорната работа, таа за време на своето работење имала прилика да се запознае со поголем број славни личности како Ким Кардашијан, Канје Вест, Мајкл Даглас и Кетрин Зiта Џонс, Леонардо Ди Каприо, Биjонсе...
Сепак, со оглед на тоа што таа има потпишано договор за доверливост, не може премногу да коментира за тоа какви се славните.
Инаку, Кејт минатата година се откажа од професијата како стјуардеса на луксузни бродови, затоа што како што рече, сакала да биде ‘финансиски независна’ и се пресели во Њујорк.
Според официјалните податоци, како долгогодишна стјуардеса и како ријалити ѕвезда таа успеала да собере богатство вредно 300.000 долари.
Таа е достапна на социјалните мрежи, каде ја следат 905 илјади следбеници.
Погледнете дел од нејзините фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело