Потегот со кој принцот Хари несвесно покажа дека Меган Маркл ја има водечката улога и се гордее со неа

Очите и говорот на телото не лажат. Принцот Хари е горд на сопствената сопруга и покажа дека таа го има главниот збор, според експертите за говор на телото.

ochite-ne-lazhat-princot-hari-pokazha-deka-megan-markl-e-lider-i-deka-se-gordee-so-nea-01.jpg

По подолга пауза принцот Хари (37) и Меган Маркл (40) во саботата (25.09) имаа заеднички јавен настап на Global Citizen Live, а за време на говорот, Хари покажа дека навистина се гордее со неа и дека таа е роден лидер, барем според експертите за говор на телото.

Како што пренесува Daily Mail, експертот за говор на телото Џуди Џејмс, потенцира дека за време на настапот на Меган Маркл, принцот Хари покажал дека ѝ го отстапува главниот збор на сопругата и дека секогаш ѝ дава предност на неа.

ochite-ne-lazhat-princot-hari-pokazha-deka-megan-markl-e-lider-02.jpg

Според неа, принцот Хари не настапува сам, туку тој дава до знаење дека тие двајцата настапуваат заедно како моќен и влијателен пар, а тоа е забележително за цело време додека трае нивната посета на Њујорк.

Тие се појавиле на сцената заедно, но секој од нив имал засебен микрофон и двајцата имале одвоени говори.

„Во неговиот поглед кон Меган може да се открие дека тој е горд на неа, но забележително е дека има одредени ритуали што ги прави кога е вознемирен, како допирање на облеката и вртење на прстите.

Меган конечно исплива од под покривката и тие двајцата ги одржаа сопствените говори во индивидуални стилови“ – вели Џејмс.

ochite-ne-lazhat-princot-hari-pokazha-deka-megan-markl-e-lider-05.jpg

Освен тоа што Хари ѝ ја отстапи водечката позиција на Меган, забележително е и дека на сцената парот продолжува да разменува нежности како и секогаш, со држење за рака и прегратки, проследени со силен аплауз.

„Реакцијата на публиката се чини дека направи Меган и Хари да се стопат, да се погледнуваат. Тој ја стави раката околу Меган додека таа се наведна на неговото рамо и двајцата покажуваа вљубени изрази на лицето“ – вели Џејмс.

ochite-ne-lazhat-princot-hari-pokazha-deka-megan-markl-e-lider-04.jpg

Global Citizen Live беше 24-часовен глобален настан, што имаше за цел да го обедини светот во борбата против сиромаштијата

Хари и Меган се појавија на сцената на Wokestock во Централ Пaрк, Њујорк и ги повикаа сите да се вклучат во борбата против ковид.

ochite-ne-lazhat-princot-hari-pokazha-deka-megan-markl-e-lider-03.jpg

На настанот освен популарниот „кралски“ пар, се појавија и Џенифер Лопез, Били Ајлиш и Колдплеј.

ochite-ne-lazhat-princot-hari-pokazha-deka-megan-markl-e-lider-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg