Девојчиња биле заменети во болница по раѓање – 3 години подоцна мајките ја сфатиле грешката и решиле да ги одгледаат заедно

Катерина Алања и Мелиса Фодера од Сицилија случајно биле заменети во болница откако се родиле. Односно, Катерина си заминала од болницата со биолошките родители на Мелиса, и обратно. 

devojchinja-bile-zameneti-vo-bolnica-po-ragjanje-3-godini-podocna-majkite-ja-sfatile-greshkata-i-reshile-da-gi-odgledaat-zaedno-01.jpg

Кога девојчињата наполниле 3 години, нивните мајки ја воочиле грешката и повторно ги замениле девојчиња, но одлучиле и да ги одгледаат како сестри. Всушност еден период двете семејства и живееле во иста куќа.

Иако во сапуниците често гледавме како се заменуваат бебиња во болница, во реалноста ова се случува многу, многу ретко. А, кога ќе се случи, целата ситуација сигурно е потресна и за родителите, и за децата.

Токму ова им се случило на 23-годишните Катерина и Мелиса од Сицилија. Двете девојки биле родени на Нова година во 1998-ма, во речиси исто време. По породувањето, девојчињата случајно биле заменети, па мајката на Мелиса си заминала дома со Катерина, и обратно.

devojchinja-bile-zameneti-vo-bolnica-po-ragjanje-3-godini-podocna-majkite-ja-sfatile-greshkata-i-reshile-da-gi-odgledaat-zaedno-02.JPG

Дури три години подоцна жената што ја зела Мелиса – Маринела – ги здогледала Катерина и мајка ѝ во градинка и забележала дека Катерина премногу личи на нејзините други две ќерки.

„Ја препознав мајката на Катерина, Џизела, од болницата каде што се породивме и веднаш ми стана сомнително. 15 дена подоцна направивме ДНК тест и останав без зборови. Ситуацијата беше премногу нереална, премногу невозможна“, вели Маринела.

devojchinja-bile-zameneti-vo-bolnica-po-ragjanje-3-godini-podocna-majkite-ja-sfatile-greshkata-i-reshile-da-gi-odgledaat-zaedno-08.JPG

На почетокот сите биле збунети и родителите не биле сигурни дали е во ред да ги заменат децата биејќи сепак поминале три години.

„Го предизвикувам секој да се грижи за ќерка три години и потоа да ја даде на друго семејство поради грешка“, вели мајката што ја зела Катерина од болницата.

Сепак, двете семејства решиле да ги заменат девојчињата, но одлучиле дека е најдобро да го прават тоа постепено. Истовремено, решиле да ги одгледуваат заедно, како едно големо семејство.

Со оваа одлука дефинитивно им ја олесниле збунувачката ситуација на тогаш малите девојчиња.

Па така, Катерина и Мелиса пораснале со две мајки, двајца татковци и осум баби и дедовци.

devojchinja-bile-zameneti-vo-bolnica-po-ragjanje-3-godini-podocna-majkite-ja-sfatile-greshkata-i-reshile-da-gi-odgledaat-zaedno-07.JPG

„Ние сме феномен. Имаме осум баби и дедовци, двајца татковци и две мајки“, вели Катерина.

devojchinja-bile-zameneti-vo-bolnica-po-ragjanje-3-godini-podocna-majkite-ja-sfatile-greshkata-i-reshile-da-gi-odgledaat-zaedno-10.JPG

Родителите неколку години ја криеле вистината од девојчињата, а кога наполниле осум години решиле дека се доволно зрели за да сфатат што се случува.

„Нам сето ни изгледаше како игра и ниту една од нас не се сеќава што се случувало пред да наполниме три години“, открива Катерина.

devojchinja-bile-zameneti-vo-bolnica-po-ragjanje-3-godini-podocna-majkite-ja-sfatile-greshkata-i-reshile-da-gi-odgledaat-zaedno-03.JPGКатерина

devojchinja-bile-zameneti-vo-bolnica-po-ragjanje-3-godini-podocna-majkite-ja-sfatile-greshkata-i-reshile-da-gi-odgledaat-zaedno-05.JPGМелиса

„На почетокот чувствував како да ја предавам ќерката што ја пораснав бидејќи сакав да се грижам и за мојата биолошка ќерка Мелиса, а денес јас и Мелиса се чувствуваме како никогаш да не сме биле одвоени“, вели Џизела, биолошката мајка на Мелиса.

Денес младите девојки се чувствуваат како да се близначки и велат дека нивните семејства се поврзани со многу љубов.

devojchinja-bile-zameneti-vo-bolnica-po-ragjanje-3-godini-podocna-majkite-ja-sfatile-greshkata-i-reshile-da-gi-odgledaat-zaedno-9.JPG

За необичната приказна е снимен и филм – Sorelle per sempre (засекогаш сестри) – кој неодамна беше премиерно емитуван на италијанската телевизија Rai 1.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg