„Домаќинка сум на 22 години, а сопругот ме опсипува со скапи подароци затоа што напорно работам“
- Детали
- вторник, 21 септември 2021
Скапи автомобили, чанти, лате од 6 долари...Таа е домаќинка на 22 години и се грижи за нејзиното дете, а вели дека нејзиниот сопруг ѝ покажува благодарност така што ја опсипува со скапи подароци.
Оваа 22-годишна девојка се појавува на ТикТок под името Jada, а на нејзиниот профил собрала голем број прегледи така што го покажува сопствениот гламурозен начин на живот. Таа на својот пофил пишува дека работи како лајфстајл инфлуенсерка и дека е невработена мајка.
Додека поголемиот број жени се осудувани доколку сакаат да останат дома и да се грижат за децата, а да не работат, оваа 22-годишна девојка вели дека ѝ се остварил сонот, затоа што нејзиниот сопруг постојано ѝ купува скапи автомобили и подароци.
Таа претходно објави видео на кое го покажува џипот Mercedes што сопругот ѝ го купил, па до него пишува:
„Кога ќе те направи домаќинка на 22 години, каква што отсекогаш си сакала да бидеш.“
По ова објави уште едно ново видео на кое се гледа дека сопругот ѝ купил нов Range Rover со црвена панделка, па до него напиша:
„Сега имам каде да ги пијам моите лате кафиња од 6 долари, кога одам на јога“.
Но, скапите автомобили не се единствените подароци што ги добива. Како што вели нејзиниот партнер ѝ е најдобар и единствен пријател, па ѝ го „подарил“ нивното бебе како негова мини верзија.
Нејзините следбеници често коментираат под видеата, па еден следбеник напиша:
„Тажно е да гледаш како некој друг ги живее твоите соништа“.
Погледнете го видеото од Јада и нејзиниот сопруг на ТикТок:
@jadadest She Loves us both? ##foryou ##parents ##foryoupage ##momsoftiktok ##babiesoftiktok
♬ original sound - Josh
Погледнете ги нејзините видеа во продолжение - какви се вашите ставови?:
@jadadest ##sahm ##rangeroversport ##foryoupagе ##carsoftoktok ##newcar ##momlife ##spoiled
♬ Fire - Official Sound Studio
@jadadest I Love My Man?? ##momsoftiktok ##fypシ ##momlife ##sahm ##carsoftiktok
♬ original sound - Jada