Меган Маркл носи накит од 384.000 долари за насловната на Time – со Хари повторно мета на критики
- Детали
- четврток, 16 септември 2021
Меган Маркл и принцот Хари ќе ја красат насловната страница на магазинот Time, а на фотографијата војвотката носи накит во вредност од 384.000 долари. Во меѓувреме, јавноста почна со критики, не за накитот, туку за фотката која била премногу обработена.
Принцот Хари и Меган Маркл се најдоа на листата на Time за 100-те највлијателни луѓе, а по тој повод ќе ја красат и насловната страница на магазинот. Покрај насловната, Меган и Хари направиле уште две фотки во нивниот дом во Калифорнија.
Фотографијата за насловната беше споделена на Твитер профилот на Time, со опис:
„Во светот каде што сите имаат мислење за луѓето што не ги познаваат, војводата и војвотката имаат сочувство за луѓето што не ги познаваат. Тие не споделуваат мислења. Тие трчаат кон проблемите“.
На фотката за насловната фотографија принцот Хари носи црна кошула и црни панталони, додека Меган е облечена во бело. Истовремено, Меган носи и накит во вредност од дури 384.000 долари.
Според Daily Mail, Меган носи рачен часовник од 23.000 долари кој претходно ѝ припаѓал на Дијана. Меган го добила како подарок од Хари. Војвотката носи и и златни нараквици кои чинат 6.900 и 3.000 долари.
Нормално, на едната рака Меган го носи и вереничкиот прстен кој чини 350.000 долари, и уште два прстени кои заедно чинат нешто помалку од 2.000 долари. Наводно, едниот од прстените ја симболизира женската моќ.
Парот редовно е критикуван за што и да направи, а истото се случи и сега. Штом од Time ја споделија фотографијата на Твитер, јавноста веднаш почна да коментира дека Меган и Хари изгледаат неприродно бидејќи фотката е премногу обработена.
„Боже, помислив дека ова е некоја шега направена на Фотошоп. Потоа сфатив дека е од Time“.
„Кој ја одобрил ова фотографија? Дали Хари седи? Дали стои? Дали се држи за Меган за да не падне?“
„Изгледаат толку пластично, што не знам дали фотографијата е реална“.
„Изгледа како Хари да ѝ е фризер, па пред огледало ѝ објаснува каква фризура ѝ направил“.
Еден твитерџија дури ја споредил фотографијата со постерот за комедијата Step Brothers.
Нормално, постојат и оние кои се воодушевени од насловната и имаат само поддршка за Меган и Хари:
„Прекрасна фотографија! Го сакам доброто што го прават и покрај суровите напади од кралското семејство. Продолжете така Меган и Хари! Вашата хуманитарна работа зборува за себе“.
„Сјајот на нивните лица… Еве што правот мирот и среќата“.
Спирова С. | Црнобело