30-годишна девојка мака мачи со влакната, престанала со депилирање и сега има брада и несредени пазуви
- Детали
- вторник, 07 септември 2021
Целиот свој живот, Бетани Бургојн од Есекс упорно се обидувала да ги отстрани влакната од телото, сè до 2018-та кога решила дека е време да го прифати своето тело. Бетани има синдром на полицистични јајници – нарушување што може да предизвика зголемен раст на влакна кај жените – и иако порано се срамела од тоа, сега се прифаќа себеси таква каква што е.
Бетани Бургојн (30) од Велика Британија работи како уметник и новинар и сака да им покаже на жените дека не треба секогаш да ја слушаат јавноста и дека е сосема нормално да имаат влакна.
Кога имала 27 години, таа решила дека повеќе нема да се обидува да ги отстранува влакната од телото, вклучувајќи ги и оние под пазувите и на брадата. А, како што вели самата оттогаш се чувствува многу, многу посреќно.
Бетани вели дека, нормално, не сите ја прифаќаат оваа нејзина одлука и некогаш луѓето се осмелуваат да ја наречат и „маж“, но таа не дозволува ова да влијае врз неа.
Бетани отсекогаш била повлакнеста од другите девојки околу неа, а дури на 29-годишна возраст ја открила причината, откако ѝ бил дијагностициран синдром на полицистични јајници.
Девојките и жените со ова нарушување имаат поголемо количество андрогени, познати и како машки хормони, поради што можат да почнат да им растат погусти и потемни влакна по телото. Кај некои жени почнуваат да растат и влакна на лицето, стомакот и делови од телото каде што жените обично имаат малку влакна.
„Благодарение на пандемијата имав доволно приватност за да престанам да ги отстранувам и влакната на лицето. А, колку повеќе ги гледав влакната на лицето и вратот, толку повеќе ми се допаѓаа и почнав да се чувствувам горда на мојот изглед“, вели Бетани.
Новинарката само сака да им покаже на жените дека не се обврзани да ги исполнуваат стандардите за убавина на општеството и ако им е „преку глава“ од бричење и депилација, можат да бидат и влакнести.
Таа вели дека најважно е да се чувствуваме удобно и убаво во нашето тело, без разлика што велат или мислат другите.
Иако обично е критикувана, околу Бетани има и многу луѓе што ја поддржуваат нејзината одлука.
„Поддршката ме натера да сфатам дека има љубов и за влакнестите дами како мене. Ние сме прекрасни и секоја фотка што ја гледам од жена како мене ми ја зголемува самодовербата“.
Спирова С. | Црнобело