Авганистанка се породи во авион, закана со оружје на вести: Со што се соочуваат жителите на Авганистан поради Талибанците?

Музички ѕвезди и новинарки бегаат од државата стравувајќи за своите животи, жени се породуваат во авиони, Авганистанци добиваат заканувачки писма…

avganistanka-se-porodi-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite001.jpg

Откако Талибанците го освоија Кабул, новинарите од светските медиуми се обидуваат да ни пренесат со што сè се соочуваат тамошните жители кои веќе стравуваат и за своите животи. Секојдневно гледаме фотографии и читаме за настаните во Авганистан кои нам ни изгледаат дури нереално.

Талибанците тврдат дека се промениле и дека Авганистанците нема потреба да бидат исплашени, но видеото што го сподели новинарката на BBC Јалда Хаким ја разбранува јавноста. Видеото е инсерт од вести на авганистанска телевизија – репортерот ја води програмата додека е опкружен со неколку вооружени Талибанци.

bebe-rodeno-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite-02.JPG

„Вака изгледаат политичките дебати на авганистанската телевизија. Талибански војници го надгледуваат водителот“, пишува Јалда, истакнувајќи дека репортерот вели дека Авганистанците не требало да се плашат од Талибанците.

Видеото беше споделено од многу новинари и наводно Талибанците упаднале во студиото и барале репортерот да зборува со нив и да ја пренесе нивната порака.

bebe-rodeno-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite-03.JPG

bebe-rodeno-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite-04.JPG

Поради ситуацијата, многу Авганистанци тргнаа да ја напуштат држава и дел од нив успеаја да се качат на авион. Една од нив, Соман Нури, била бремена кога се качила на авионот во Кабул. Од Кабул, Соман слетала во Дубаи, а оттаму требало да оди за Бирмингем. Но додека била во авионот, почнала да се породува.

bebe-rodeno-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite-06.JPG

Бидејќи во авионот немало медицинско лице, стјуардесите помогнале во породувањето и, за среќа, сè поминало во најдобар ред. Но можеме само да мислиме колкав страв чувствувала 26-годишната мајка во миговите пред да го напушти Кабул.

bebe-rodeno-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite-05.JPG

Уште потажно е што Соман не е единствената жена која се породила додека се обидувала да избега од својата родна држава. Претходно, жена, чиј идентитет е непознат, се породила во воен авион на САД веднаш пред да слета во Германија.

Жените од Авганистан се изложени на можеби најголем ризик бидејќи постои опасност да им бидат одземени најосновните права. Бидејќи според правилата на Талибанците жените треба да се покриени, голем дел од Авганистанките од забавната индустрија почнаа да се плашат за своите животи.

Аријана Сајед е најпознатата поп-пејачка во Авганистан која успеа да побегне од нејзината родна земја во еден од авионите на САД.

bebe-rodeno-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite-07.JPG

36-годишната пејачка има изјавено дека уште пред да се влоши ситуацијата, авганистанските свештеници се противеле на нејзините концерти, па била сигурна дека нештата ќе бидат многу, многу полоши.

Во Авганистан на мета се и многу новинари, особено жени, а во овој случај можеби најмногу се истакнува Бехешта Арганд. Бехешта е жена новинар кој успеа да направи интервју со портпарол на Талибанците, пред да избега од државата.

bebe-rodeno-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite-09.JPG

Иако во Авганистан има други жени новинари како Бехешта, сега се поставува прашањето дали Талибанците ќе им дозволат да продолжат со нивната работа. Плашејќи се за својата безбедност, Бехешта решила дека е најдобро да ја напушти државата и да не ризикува.

Новинарката има само 24 години, а нејзиното интервју беше прво во историјата на Авганистан каде што портпарол на Талибанците е интервјуиран во студио од страна на жена.

bebe-rodeno-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite-08.JPG

Подоцна новинарката изјави дека го направила интервјуто за жените од Авганистан.

„Ако останеме дома и не одиме во канцелариите, ќе ни речат дека жените не сакаат да работат. Па си реков ’Почни да работиш‘. И, му реков на Талибанецот ’Ги сакаме нашите права. Сакаме да работиме. Сакаме – мораме – да бидеме во општеството. Тоа е наше право‘“, откри Бехешта за CNN.

Наводно, некои луѓе во Авганистан добивале и писма од Талибанците во кои се обвинети дека „соработувале со Западот“. Луѓето кои ги добиле писмата биле поканети на суд, а доколку не се појават, велат дека ги очекува смртна казна. Тие се плашат дека дури и да се појават на суд, повторно ќе бидат убиени, па бараат начин да ја напуштат државата.

bebe-rodeno-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite-0.JPG

Ова се само дел од страдањата на луѓето во Авганистан што ја разбрануваа јавноста. Додека некои Авганистанци успеаја да ја напуштат државата, многумина останаа и се справуваат со неизвесноста додека Талибанците да покажат дали навистина се промениле.

bebe-rodeno-vo-avion-zakana-so-oruzhje-na-vesti-so-shto-se-soochuvaat-zhitelite-na-avganistan-poradi-talibancite-11.JPG

Прочитајте и Новинарката што го воодушеви светот - единствената жена на прес-конференцијата на Талибанците

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg