Позитива и инспирација! 40-годишен маж си правел луди фризури пред да ја изгуби косата од хемотерапија (фото)

Кога Џозеф Барнс дознал дека има рак и дека ќе ја изгуби косата од хемотерапијата, наместо да тагува, решил да направи забавна фотосесија со неколку луди фризури пред да си ја избричи главата.

smisla-za-humor-i-vo-najloshite-momenti-40-godishen-mazh-si-napravil-ludi-frizuri-pred-da-ja-izgubi-kosata-od-hemoterapija-foto-01.jpg

Дијагнозата рак е едно од најзастрашувачките нешта што можете да ги добиете во животот, но Џозеф Барнс е доказ дека и во најлошите мигови, не треба да ја изгубите смислата за хумор и вашиот младешки дух.

На почетокот од летото 40-годишниот Џозеф Барнс бил дијагностициран со рак на тестисите. Најпрво тој почувствувал силни болки во грбот, па решил да оди на лекар. По неколку испитувања му кажале дека има рак на тестисите кој почнал да се проширува на белите дробови и ’рбетот, а набрзо потоа почнал и со хемотерапија.

View this post on Instagram

A post shared by Having A Ball (@havingaball.io)

smisla-za-humor-i-vo-najloshite-momenti-40-godishen-mazh-si-napravil-ludi-frizuri-pred-da-ja-izgubi-kosata-od-hemoterapija-foto-02.JPG

Еден од несаканите ефекти на хемотерапијата е паѓањето на косата, но наместо да тагува, Џозеф решил малку да се забавува пред целосно да си ја избричи главата.

„Кога почнав со хемотерапија ми кажаа дека ќе ја изгубам косата, па решив прво да се позабавувам. Си помислив дека е многу подобро да се збогувам со косата на мој начин, наместо да ја чекам самата да падне“.

smisla-za-humor-i-vo-najloshite-momenti-40-godishen-mazh-si-napravil-ludi-frizuri-pred-da-ja-izgubi-kosata-od-hemoterapija-foto-03.JPG

Џозеф ѝ се јавил на пријателка која знаела да прави добри фризури и ја замолил да му направи неколку луди фризури пред целосно да ја избричи главата.

Тој направил и интересна фотосесија со осум различни фризури, а вели дека ѝ дозволил на пријателката да прави што сака со неговата коса. Единствено, ја замолил едната фризура да биде како онаа на Роберт де Ниро во Taxi Driver.

smisla-za-humor-i-vo-najloshite-momenti-40-godishen-mazh-si-napravil-ludi-frizuri-pred-da-ja-izgubi-kosata-od-hemoterapija-foto-08.JPG

„Ѝ реков да прави што сака и бев пријатно изненаден од нејзините избори за фризура“.

Иако дел од лудите фризури му стојат навистина добро, Џозеф вели дека штом ќе му порасне косата, веројатно ќе си ја носи како претходно, најмногу бидејќи е мрзлива личност која не сака да губи многу време во средување.

smisla-za-humor-i-vo-najloshite-momenti-40-godishen-mazh-si-napravil-ludi-frizuri-pred-da-ja-izgubi-kosata-od-hemoterapija-foto-04.JPG

Покрај креативниот проект, Џозеф вели дека се обидува да остане позитивен и да го извлече најдоброто од целата ситуација:

„Всушност, деновиве многу се забавувам. Додека бев во болница, неколку пријатели дојдоа и направивме ’лажен‘ трејлер за акционен филм. Почнав да снимам и (се надевам) смешен поткаст за да споделам со семејството и пријателите низ што минувам. Досега несаканите ефекти од хемотерапијата се благи, па не можам да се пожалам. На некои луѓе им е многу полошо“, вели позитивниот маж.

smisla-za-humor-i-vo-najloshite-momenti-40-godishen-mazh-si-napravil-ludi-frizuri-pred-da-ja-izgubi-kosata-od-hemoterapija-foto-05.JPG

Па, ако некогаш се најдете во лоша животна ситуација, потсетете се на Џозеф и неговиот позитивен став кон животот – сигурно ќе ви помогне да си ја промените перспективата.

smisla-za-humor-i-vo-najloshite-momenti-40-godishen-mazh-si-napravil-ludi-frizuri-pred-da-ja-izgubi-kosata-od-hemoterapija-foto-06.JPG

smisla-za-humor-i-vo-najloshite-momenti-40-godishen-mazh-si-napravil-ludi-frizuri-pred-da-ja-izgubi-kosata-od-hemoterapija-foto-07.JPG

smisla-za-humor-i-vo-najloshite-momenti-40-godishen-mazh-si-napravil-ludi-frizuri-pred-da-ja-izgubi-kosata-od-hemoterapija-foto-09.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg