Емотивната реакција на 29-годишен дечко од Лондон кога првпат доби „коса“, по 10 години (видео)

Адам од Лондон останал без коса уште на 19-годишна возраст и вели дека сега, кога има 29 години, сите мислат дека е барем една деценија постар. Но, Адам добил бесплатна „трајна“ перика, а мигот кога првпат се гледа себеси со коса ќе ви ги насолзи очите.

emotivno-video-29-godishen-vozach-prvpat-dobi-perika-po-10-godini-pominati-bez-kosa-01.jpg

29-годишниот Адам Синклер е возач на автобус од Лондон кој почнал да ја губи косата уште во тинејџерските години. На 19-годишна возраст паѓањето на косата станало многу забележително, а ова ја срушило неговата самодоверба.

Сега Адам нема воопшто коса на горниот дел од главата и вели дека луѓето мислат дека е барем 10 години постар, отколку што навистина е, само поради тоа. Но, среќата му се насмевнала на овој возач кога добил понуда за бесплатен третман во клиника кој инаку чини 350 долари.

emotivno-video-29-godishen-vozach-prvpat-dobi-perika-po-10-godini-pominati-bez-kosa-03.JPG

Во третманот се користи перика од природна коса, која се лепи за главата. Предноста е што на овој начин периката стои и до четири месеци и е скоро исто како природна коса.

Моментот кога Адам првпат се гледа себеси со коса е споделен на ТикТок профилот на клиниката, а досега емотивното видео има над 2 милиони прегледи. Во коментарите, пак, сите имаат само прекрасни зборови за среќниот возач, а повеќето му нагласуваат дека изгледа 10 години помладо.

„Беше многу чудно кога слушнав ножици околу моите уши. Потоа ми го тргнаа превезот од очите, шокот беше неверојатен. Едвај можев да зборувам“, вели Адам за емотивниот момент.

emotivno-video-29-godishen-vozach-prvpat-dobi-perika-po-10-godini-pominati-bez-kosa-06.JPG

„Прво не се препознав себеси, но потоа ми се допадна она што го видов. Ова е првпат во многу години да ми се допадне она што го гледам во огледало. Заплакав.

Колку многу девојки почнаа да ми пишуваат изминативе неколку денови, нереално е. Никогаш не ми било проблем да запознавам луѓе, но мислам дека претходно јас ’бркав‘, но сега тие ме ’бркаат‘ мене.

Церемонијално ги фрлив сите мои капи. И онака мислев дека не ми стојат добро, но беше полесно за мене да шетам со нив отколку да изгледам многу стар“.

emotivno-video-29-godishen-vozach-prvpat-dobi-perika-po-10-godini-pominati-bez-kosa-05.JPG

Адам има и свој ТикТок профил со над 90.000 следбеници кој почнал да се прославува летово, откако тој почнал да им предложува места за состаноци на паровите од Лондон. Адам е возач на автобус околу пет години, а се преселил во Лондон кратко пред пандемијата, откако раскинал со тогашната девојка.

@novocabelohair

REVERSING THE CLOCK FOR @londonbusdriver ##hairreplacement ##hairreplacementsystem ##hairsystem ##trending ##hairsystemsformen ##socialexperiment ##viral

♬ Waiting For Heartache - BLVKSHP

29-годишнот возач вели дека изминативе неколку години упорно барал перика, но се плашел дека сите ќе му се потсмеваат за тоа.

emotivno-video-29-godishen-vozach-prvpat-dobi-perika-po-10-godini-pominati-bez-kosa-04.JPG

Всушност и Роб, мажот кој му го направил третманот на Адам, не бил сигурен дали на возачот ќе му се допадне новиот изглед.

„Не знаев дали ќе ја сака или ќе ја мрази новата коса, но неговата реакцијата беше навистина емотивна. Беше прекрасно за гледање. Во тој миг сфати дека навистина му недостасувала неговата коса и оттаму дојдоа солзите.

Кога ја видов неговата реакција, се потсетив дека ја работам вистинската работа и дека си го сакам работното место. Претходно Адам се плашеше да излезе надвор без капа. Штом му ја ставивме косата, едвај чекаше да излезе надвор. Стана друга личност“, вели Роб.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg