Девојка која е во врска со 19 години постар партнер: „Не ми е грижа што е генерација со мајка ми, тој е мој принц“

„Луѓето само осудуваат и претпоставуваат... За мене коментираат дека сум спонзоруша, но Џон е мојот принц од бајките“ – вели една 29-годишна девојка од Ирска за врската со 19 години повозрасниот свршеник.

devojka-za-vrskata-so-20-godini-povozrasen-mazh-od-nea-velat-deka-sum-sponzorusha-ama-toj-e-mojot-princ-01.jpg

Тејлор Рае Хамилтон (29) и нејзиниот свршеник Џон Фалконер (48) од Ирска честопати се бомбардирани со невкусни пораки и коментари на интернет, а на улица често мислат дека тој ѝ е дедо или татко, а не свршеник.

devojka-za-vrskata-so-20-godini-povozrasen-mazh-od-nea-velat-deka-sum-sponzorusha-ama-toj-e-mojot-princ-02.jpg

Тие пред само седум месеци се запознале на апликацијата за состанување Tinder, а сега веќе се свршени и треба да стапат во брак.

devojka-za-vrskata-so-20-godini-povozrasen-mazh-od-nea-velat-deka-sum-sponzorusha-ama-toj-e-mojot-princ-03.jpg

Тејлор Рае и бизнисменот Џон се мошне активни на социјалните мрежи, а целта им е како што велат, да ги нормализираат врските каде постои поголема разлика во годините. Тејлoр вели дека луѓето на улица ги прашуваат дали тој ѝ е дедо.

Наместо да биде навредена од ваквите коментари таа вели дека таа и Џон јавно разменуваат нежности затоа што сакаат на луѓето да им покажат каква е љубовта и дека луѓето треба да го прават она што ги прави среќни без разлика на мислењето на другите.

devojka-za-vrskata-so-20-godini-povozrasen-mazh-od-nea-velat-deka-sum-sponzorusha-ama-toj-e-mojot-princ-05.jpg

На интернет, тие се често осудувани заради дводецениската разлика во години. Сепак, таа вели дека Џон е нејзиниот принц од бајките што го нашла откако бакнала повеќе жаби и дека воопшто не ѝ е грижа за тоа што нејзиниот свршеник е на иста возраст како нејзината мајка.

„Луѓето мислат дека 20-годишната разлика во годините е контроверзна, но за нас е во целост нормално. Некои луѓе за мене коментираат дека сум спонзоруша или „дете невеста“ на социјалните медиуми. Таму вообичаено луѓето се чувствуваат дека може да се скријат зад мониторот и да напишат што сакаат и навистина е тажно.

Кога сме излезени, честопати се соочуваме со погледи, шепотења, фотографирања. Освен тоа, јас сум мала девојка. Јас сум висока само 155cm, и многу сум ситна, а Џон е над 180cm па поради тоа изгледам уште помладо“ – вели таа, пренесува Mirror.

devojka-za-vrskata-so-20-godini-povozrasen-mazh-od-nea-velat-deka-sum-sponzorusha-ama-toj-e-mojot-princ-04.jpg

Вели дека луѓето што ги гледаат прво мислат дека тој ѝ е дедо, но дополнително се шокирани затоа што таа изгледа како девојче до него, а на себе носи веренички прстен.

„Кога ќе ги видам луѓето како зјапаат во нас или нè фотографираат, најчесто го прегрнувам уште посилно, го држам поцврсто за рака и му велам да ме бакне. Луѓето само осудуваат и претпоставуваат. Џон се смее за тоа и ми вели: ‘Мислат дека ако ме прашаат дали сум ти татко или дедо ќе ме навредат?’.

devojka-za-vrskata-so-20-godini-povozrasen-mazh-od-nea-velat-deka-sum-sponzorusha-ama-toj-e-mojot-princ-06.jpg

Тејлор Рае е активна на социјалните мрежи. Иако нејзиниот Инстаграм профил е приватен, сепак на ТикТок редовно објавува видеа заедно со Џон.

Погледнете некои од нејзините видеа:

@taylorraehamilton

His wee face ? soo grateful for the past to bring us both to this exact moment ##couple ##goal ##past ##againstallodds ##love ##fiance ##boyfriend ##mybabe

♬ original sound - sam

@taylorraehamilton

Hocus Pocus vibesss ##cocktailbar ##edinburgh ##travel ##thecauldron ##couple ##livingourlives ##potionmaking ##spooky ##laugh ##fun ##viral

♬ original sound - Taylor-Rae Hamilton

@taylorraehamilton

There’s an age gap… It will never work! ##love ##fiance ##husbandtobe ##madeit ##love ##happyplace ##couple ##agegaprelationship ##ageisjustanumber ##wedding

♬ You're Still the one - Helle Lynge

;

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Facebook

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg