Британски студент критикуван затоа што сакал да искуси опасен туризам во Авганистан – покажа снимки од авион по евакуација

Британскиот студент Мајлс Рутлеџ се соочи со низа критики затоа што на социјалните мрежи се фалеше дека сакал да искуси „опасен“ туризам, а на крај завршил „заробен“ со толпата бегалци од Авганистан и покажа видео од патувањето со авионот по евакуацијата.

britanski-student-kritikuvan-zatoa-shto-sakal-da-iskusi-opasen-turizam-vo-avganistan-pokazha-snimki-od-avion-po-evakuacija-01.jpg

Британскиот студент Мајлс Рутлеџ (21) од Бирмингем пред пет дена пристигнал во Кабул, Авганистан, со цел да искуси „опасен“ туризам. Тој вели дека претходно гледал видеа на YouTube на кои земјата била промовирана како туристичка дестинација.

„Мислев дека Авганистан изгледа одлично – храната ми изгледаше добро и беше мошне евтино“ – вели тој за The Times.

Сепак, откако Талибанците почнале да го опколуваат градот тој сфатил дека се наоѓа во вистинска опасност и тврди дека од Британската Амбасада не можел да добие никаков одговор ниту на телефон, ниту на електронска пошта. Тој тврдеше дека се чувствувал напуштено и дека стравувал дека постои можност да го загуби животот.

britanski-student-kritikuvan-zatoa-shto-sakal-da-iskusi-opasen-turizam-vo-avganistan-pokazha-snimki-od-avion-po-evakuacija-02_1.jpg

Денес (17.08) тој објави видео снимка на Facebook до која напиша:

„Среќен крај: Слетав во Дубаи благодарение на прекрасните луѓе од Британската Армија. Сите сме безбедни!“

The happy ending: landed in Dubai thanks to the brilliant people at the British forces. All safe!

Posted by Miles Le-vesconte Routledge on Tuesday, August 17, 2021

Тој во текот на изминатите два дена даваше информации за тоа каде се наоѓа и што му се случува таму. Тврдеше дека бил евакуиран во безбедна куќа на Обединетите Нации со околу 100 други цивили.

britanski-student-kritikuvan-zatoa-shto-sakal-da-iskusi-opasen-turizam-vo-avganistan-pokazha-snimki-od-avion-po-evakuacija-04.jpg

Неговите постапки предизвикаа голем број негативни реакции на социјалните мрежи. Прво луѓето не го оправдуваат тоа што барал „опасен“ туризам, затоа што сметаат дека неговото место во авионот требало да биде дадено на некои воени лица што според нив сега со сигурност се соочуваат со закана смрт.

„Северна Кореја е добра дестинација“ – му порача саркастично еден човек на Facebook, земајќи ја предвид неговата несфатена желба за опасен туризам.

britanski-student-kritikuvan-zatoa-shto-sakal-da-iskusi-opasen-turizam-vo-avganistan-pokazha-snimki-od-avion-po-evakuacija-02.jpg

Инаку, ова очигледно не е првпат Мајкл да оди на „опасен“ туризам. Тој претходно на својот Facebook профил објавил фотографии за да се пофали дека пред две години бил и го посетил Чернобил.

Погледнете некои од неговите фотографии:

britanski-student-kritikuvan-zatoa-shto-sakal-da-iskusi-opasen-turizam-vo-avganistan-pokazha-snimki-od-avion-po-evakuacija-09.jpg

britanski-student-kritikuvan-zatoa-shto-sakal-da-iskusi-opasen-turizam-vo-avganistan-pokazha-snimki-od-avion-po-evakuacija-08.jpg

britanski-student-kritikuvan-zatoa-shto-sakal-da-iskusi-opasen-turizam-vo-avganistan-pokazha-snimki-od-avion-po-evakuacija-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg