„Кираџија од пеколот“ го напуштил станот оставајќи 8.000 празни лименки и речиси 100 вреќи ѓубре (фото)

Откако кираџија од Англија ненадејно го напуштил станот за кој избегнувал да плати кирија цела година, сопственикот останал без зборови – зад себе, кираџијата оставил илјадници лименки од пиво, одвратен тоалет, неколку кеси со отпушоци од цигари и куп друго ѓубре. Чистењето на станот, за кое биле потребни 10 шишиња избелувач, траело 30 часа.

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-01.jpg

29-годишниот Фреди Гилиум Веб од Англија е професионален хигиеничар и водоводџија и сметал дека ги имал видено најодвратните нешта додека работел. Но, кога добил задача да исчисти стан во Хемпшир, сфатил дека греши.

Фреди бил најмен од сопственикот на зградата во којашто се наоѓа станот, откако кираџијата кој не плаќал кирија цела година ненадејно си заминал. Имено, сопственикот на станот многупати се обидувал да го посети кираџијата и да му побара пари, но тој секогаш наоѓал изговори за да не го пушти внатре.

Кога, пак, си заминал, зад себе оставил околу 8.000 лименки пиво, многу остатоци од расипана храна и затната тоалетна школка полна со смет.

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-08.JPG

Кога Фреди влегол во станот, останал без зборови – бил пречекан од куп лименки во дневната кои ја покривале речиси целата гарнитура. Во кујната владеел хаос од расипана храна, а подот во една просторија бил прекриен со ѓубре и отпушоци од цигари.

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-04.JPG

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-11.JPG

Наводно, кираџијата си заминал без најава, а на сопственикот на станот само му испратил порака во која вели дека „оставил мал неред“.

Фреди го чистел станот три денови, околу 30 часа, и вели дека неколкупати му се слошило – нешто што не му се случило досега додека е на работа.

Тој потрошил 10 шишиња избелувач за темелно да го исчисти станот. Газдата, пак, се соочил со штета од околу 12.000 долари поради состојбата на станот и неплатената кирија.

„Штом влегов внатре ги забележав лименките кои беа расфрлани насекаде, а миризбата беше ужасна. Очигледно, кираџијата не ја користел корпата за ѓубре бидејќи кујната беше полна со расипана храна, а во дневната имаше половина изедени оброци и парчиња мувлосан леб на подот“, вели Фреди.

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-03.JPG

„Имаше и цели вреќи полни со отпушоци, а подот не се гледаше од лименките – мислам дека фрлив околу 8.000. Тоалетната школка беше затната со тоалетна хартија и измет, беше одвратно. Се чини дека кираџијата никогаш не пуштил вода“.

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-05.JPG

Фреди вели дека му се чинело како чистењето да трае цела вечност, а по првиот ден не се ни забележувало дека некој пробувал да го исчисти станот.

„Веројатно мажот живеел вака долг период, бидејќи состојбата на станот беше многу лоша. Тој само живеел во сметот и додавал нов. На крај мислам дека искористив 100 големи вреќи за ѓубре и 10 шишиња избелувач. Работам со водовод и канализации, што значи имам издржлив стомак, но овој неред беше толку лош што ми се слоши неколкупати“.

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-02.JPG

Подоцна се открило дека тоалетната школка била затната подолг период, но кираџијата не спомнал ништо за ова и продолжил да ја користи.

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-12.JPG

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-10.JPG

„Сметам дека не е во ред што се случуваат вакви работи. Овој кираџија би требало да се најде на некоја црна листа, за другите сопственици на станови и згради да знаат. Инаку повторно ќе се случи истото, само во друг стан“, вели Фреди.

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-07.JPG

Тој смета и дека кираџијата можеби имал депресија и проблем со алкохолизам, и дека дефинитивно му е потребна помош од професионалец.

„Некогаш на сите ни е потребна помош, но не е во ред да живеете вака. Не треба нештата да станат толку лоши“.

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-06.JPG

kiradzhija-od-pekolot-go-napushtil-stanot-ostavajkji-8-000-prazni-limenki-i-rechisi-100-vrekji-gjubre-foto-09.JPG

Приказната за „кираџијата од пеколот“ стана вирална, а повеќето кои ја слушнале го делат мислењето на Фреди – кираџијата за жал сигурно имал проблеми со депресија или некое ментално нарушување и би требало да побара помош од професионалец, бидејќи никој не треба да живее во такви услови.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg