24-годишна мајка не знаела дека е бремена дури до 5-тиот месец - направила тест на шега

На 22-годишна возраст, Јасмин Милер од Калифорнија на шега направила тест за бременост, откако ѝ се слошило и ѝ се подул стомакот од јадење тешка храна. На нејзино огромно изненадување, тестот бил позитивен – таа била бремена, и тоа во петти месец.

24-godishna-majka-ne-znaela-deka-e-bremena-duri-do-5-tiot-mesec-napravila-test-na-shega-01.jpg

Јасмин Милер од Калифорнија е 24-годишна мајка, а приказната за нејзината бременост е навистина необична.

До петтиот месец, Јасмин воопшто не била свесна дека е бремена – немала поизразени симптоми, а нејзиниот стомак бил речиси рамен. Тогаш Јасмин имала 22 години, а сфатила дека е бремена бидејќи на шега купила тест за бременост.

Додека јадела, младата мајка почувствувала мачнина, па со мајка ѝ почнале да се шегуваат дека е бремена, па затоа ѝ се лоши. Тогаш Јасмин на шега купила тест за бременост и, на нејзиното огромно изненадување, добила позитивен резултат.

24-godishna-majka-ne-znaela-deka-e-bremena-duri-do-5-tiot-mesec-napravila-test-na-shega-09.jpg

Само три месеци подоцна, таа го родила нејзиното прво дете – ќерката Лејтон.

„Се тестирав само затоа што изедов сендвич од кој почна многу да ми се лоши. Кога го видов позитивниот резултат не ми се веруваше“.

Јасмин вели дека користела пилули за контрацепција, па затоа не почувствувала еден од првите знаци на бременост – доцнењето на менструацијата.

Кога почнала почесто да оди во тоалет, само помислила дека можеби има некоја мала инфекција, па не обрнала многу внимание на тоа.

Одвреме-навреме Јасмин чувствувала болки во стомакот, но бидејќи имала проблеми со дигестивниот систем, претпоставиле дека тоа е причината за нивната појава.

24-godishna-majka-ne-znaela-deka-e-bremena-duri-do-5-tiot-mesec-napravila-test-na-shega-02.JPG

Тој период Јасмин студирала на UCLA и имала момче, но воопшто не планирала да остане бремена.

„Имав момче и немавме многу сериозна врска, а 100%, ниту еден од нас не беше подготвен да има деца. Се сеќавам еднаш ме праша дали сакам да вдомиме куче, а јас му реков не, бидејќи е голема обврска“.

Јасмин отсекогаш била слабичка, а уште почудно е што во периодот кога дознала дека е бремена, ослабела уште килограм-два.

„Беше лудо. Бидејќи по сендвичот многу ми се поду стомакот, ѝ пратив фотки на мајка ми. Таа на шега ми рече дека изгледам како да сум бремена“.

24-godishna-majka-ne-znaela-deka-e-bremena-duri-do-5-tiot-mesec-napravila-test-na-shega-10.jpg

Откако првиот тест покажал позитивен резултат, Јасмин купила и втор, па уште два и добила позитивен резултат на сите.

„Се исплашив. Не знаев што да правам“, вели Јасмин, која по тестирањето веднаш се консултирала со мајка ѝ.

24-godishna-majka-ne-znaela-deka-e-bremena-duri-do-5-tiot-mesec-napravila-test-na-shega-08.JPG

„Ми рече дека е тажна бидејќи знае колку тешко ќе ми биде, бидејќи и таа беше сингл мајка на 24 години“.

Кога отишла на лекар, Јасмин дознала дека веќе е во петтиот месец од бременоста, па решила да му каже и на бившото момче, односно татко на детето. Но, тој само ја обвинил дека лаже.

„Ја криев бременоста бидејќи ми беше страв дека ќе бидам осудувана од познаниците и пријателите. Сега ми е криво што дозволив тие луѓе да ме спречат да уживам и да ги славам бременоста и овој важен миг од мојот живот“.

24-godishna-majka-ne-znaela-deka-e-bremena-duri-do-5-tiot-mesec-napravila-test-na-shega-03.JPG

24-godishna-majka-ne-znaela-deka-e-bremena-duri-do-5-tiot-mesec-napravila-test-na-shega-07.JPG

На 23 октомври 2019 година, Јасмин го родила своето прво дете – ќерката Лејтон Скај Милер.

„Откако поминав два месеца во болницата, постојано опкружена со медицински сестри, научив многу, па од болницата си заминав подготвена. Ме научија како да менувам пелени, како да го хранам детето, што да правам во секакви ситуации. Откако се породив сепак бев збунета и ми беше тешко да се навикнам да кажувам ’мојата ќерка‘“.

24-godishna-majka-ne-znaela-deka-e-bremena-duri-do-5-tiot-mesec-napravila-test-na-shega-05.JPG

Сега Јасмин вели дека не може да си го замисли животот без нејзината ќерка.

„Невозможно е да се замислам без неа и што би правела сега ако не се родеше таа. Секој ден, ќерка ми ме тера да бидам подобра личност“.

24-godishna-majka-ne-znaela-deka-e-bremena-duri-do-5-tiot-mesec-napravila-test-na-shega-04.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg