Германска репортерка „уловена“ на камера како се мачка со кал за да личи дека помага во поплавите – кое е оправдувањето? (видео)
- Детали
- петок, 23 јули 2021
Германска ТВ репортерка доби отказ, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таа го мачка лицето со кал за да изгледа поуверливо додека известува од местата зафатени со поплавите во Германија.
Репортерката Сузана Охлен ја водела репортажата „Чистење по поплавата“ на RTL во која требало да прикаже како изгледа да се исчисти теренот во Бад Мунстерајфел, каде во поплавите животот го загубија 128 лица.
https://twitter.com/Michael45644934/status/1418229004415520770
Но, еден случаен набљудувач на случувањата ја снимил 39-годишната новинарка како го мачка лицето со кал пред репортажата и ја објавил видеоснимката на социјалните мрежи.
Од телевизијата велат дека новинарката била отпуштена во понеделникот, односно еден ден пред видео-снимката да се појави на интернет:
„Пристапот на нашата репортерка очигледно се спротивставува на новинарските принципи и на нашите стандарди. Затоа ѝ дадовме отказ уште во понеделникот кога слушнавме за настанот“ – велат од телевизијата.
На снимката се гледа како Сузана со сина кошула, шапка и чизми се наведнува, зема кал и го размачкува по лицето и на облеката за да изгледа поуверливо додека известува од областа што е опкружена со поплавени куќи и остатоци. Потоа се наведнува уште еднаш, за да стави кал на лицето.
Artikel: "Aufräumarbeiten nach Flut: RTL-Moderatorin Susanna Ohlen packt in Bad Münstereifel mit an"
— Argo Nerd (@argonerd) July 22, 2021
Was auch geschah:https://t.co/zp1p3XbAaK
По повод целиот настан, Сузана се огласи и на нејзиниот Инстаграм профил, каде напиша:
„Направив сериозна грешка во понеделникот пред репортажата за Gutten Morgen Deutchland. Откако помагав приватно во регионот претходниот ден, ми беше срам од останатите луѓе и колеги тоа утро да бидам со чиста кошула пред камерата.
Потоа без да размислам двапати, намачкав кал на облеката. Како новинар, тоа никогаш не требаше да ми се случи. Како личност што се грижи за страдањата на сите што се погодени, ми се случи. Затоа жалам“ – напиша таа.
Инаку, овој настан мошне ја разгневи тамошната јавност откако во поплавите што ги зафатија Германија и Белгија животите ги загубија 196 лица, а е предизвикана материјална штета од милијарди евра.
Фотографии од германската репортерка:
Б. С. Б. | Црнобело