3.200 пирсинга во еден ден
- Детали
- понеделник, 13 јуни 2011
Дали постигнувањето на рекорд вреди за толкава болка? Дваесет и две годишната танчарка од Лас Вегас покажа на каква болка е подготвена...
...само за да влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Таа се одлучила во еден ден да направи дури 3.200 пирсинзи на своето тело.
Иако првобитно планирала да направи 3.600, Стејша Рендал се предомислила, заклучила дека тоа премногу ќе ја боли, па направила „само“ 3.200 пирсинга.
Стручњакот за боди пирсинг ги провлекувал иглите низ Стејшината кожа на грбот, рацете и нозете.
И покрај солзите и болните гримаси, плавооката танчерка успеала во својот обид да го собори рекордот, најмногу пирсинзи при една посета на студио за пирсинг и да влезе во Гинисовата книга за рекорди.
Луѓето од Гинисовата книга на рекорди треба да го потврдат обидот на Рендал пред резултатот да биде официјализиран. Претходниот рекорд изнесувал 3.100 пирсинга по третман.
Гордата сопственичка на илјадниците пирсинзи, својата кожа ќе ја надополни со уште стотина пирсинга во наредните денови.