Голи планинари
- Детали
- понеделник, 13 јуни 2011
Германија отвори патеки за нудисти планинари. Вашата реакција на оваа вест? Кога Германија ја отвори првата патека за нудисти планинари на...
...29 мај 2010 година се очекуваше дека ќе привлече големо внимание, но не и дека ќе стане хит.
Знаците за предупредување стојат во близината на патеките на овие голи шетачи:
„Ако не сакате да наидете на голи луѓе, немојте да одите понатаму“
Некои сметаат дека овие предупредувања се груби и ја преставуваат голотијата како нешто непријатно.
Покрај тоа, нудистичките патеки стануваат некој вид изолирана територија резервирана исклучиво за нудистите, што не била првобитната намера. Како и што не била намерата голотијата да се ограничи само на означените патеки.
Не биле сите воодушевени од голите планинари, имало поплаки од фамилијарно ориентираните планинари, па дури и од самите нудисти.
Голите планинари кога ќе наидат на ситуација непримерна за нивната голотија, носат наметки кои веднаш ги претвораат во планинари подносливи за јавноста.
Популарноста одекна и во Швајцарија, која сега за сега ја преиспитува оваа слобода пред Врховниот суд.