Полничка девојка (28) засрамена додека вежба: „Оди дома, никој не сака да го гледа тоа!“
- Детали
- понеделник, 12 јули 2021
28-годишна девојка која со сите сили се обидува да симне килограми била исмеана и навредена од случаен минувач. Таа испраќа апел „Зошто некој има желба да го прави тоа, на нас луѓето со вишок килограми и онака ни е претешко да го започнеме процесот на слабеење...“
Џоана Џизел од Лас Вегас е девојка која искрено кажува дека мака мачи со вишокот килограми, но не се откажува, постојано работи на себе и на тоа да успее да ослабе.
Така, додека вежбала пред својот дом и си снимала видео како скока на јаже, случаен минувач, кој не го видела никогаш претходно, од автомобилот ѝ довикнал „Оди внатре, никој не сака да го гледа тоа!“
Џоана била шокирана што некој без причина се осмелил да ѝ упати таква навреда и тоа додека си вежба во нејзиниот двор.
Таа ја сподели ситуацијата на својот ТикТок профил и вели дека ова не е првпат луѓето да ја навредуваат додека таа се обидува да симне килограми.
Откако ја сподели непријатната средба, Џоана доби многу зборови за поддршка.
„Секогаш се снимам додека вежбам затоа што сакам да го документирам мојот процес на слабеење, плус мислев дека е поубаво да скокам на јаже надвор, отколку дома. Бев запрепастена од ситуацијата.
Тој маж не сум го видела никогаш претходно, па размислувам од каде му е правото да ми зборува и да ми кажува што да правам кога сум надвор и се обидувам да се подобрам себеси поради моето здравје?
Не излегов во бикини и да кажам ‘Еј, гледајте ме’. Па, дури и да бев во бикини, тој нема право да коментира.“
Не знам зошто некој би го сторил тоа, јас никогаш не би му се обратила така на странец. Го прикачив ова видео за да покажам колку ни е тешко на нас луѓето со вишок килограми да го почнеме процесот на слабеење.
Сум слушнала и од други како кога одат во теретана луѓето ги исмејуваат и ги судат, а тие само сакаат да работат на своето здравје. Сакам да им покажам на луѓето дека не ни е воопшто лесно во борбата да симнеме килограми и дека луѓето нè исмејуваат и навредуваат... Навистина не треба да го прават тоа.“
Видеото од случката:
@joannajizzell I wish people would think about how much words can hurt others. ##keepgoing ##bekind ##weightlossjourney
♬ original sound - Joanna jizzell
С. С. | Црнобело