„За миење заби користиме снег“ – 41-годишна мајка од САД е најштедливата жена во светот (фото)
- Детали
- недела, 11 јули 2021
Беки Гилс од Њујорк речиси и да не троши пари – во зима користи снег за бањање и миење заби, никогаш не вика мајстор, а некогаш му наплаќа на сопругот ако изеде повеќе храна од планираното.
41-годишната Беки Гилс од Њујорк за себе вели дека е најштедливата мајка во Америка, а изгледа дека си го заслужила овој епитет.
Таа живее заедно со нејзиниот сопруг – 39-годишноит Џеј – и нивните синови Џорџ (7) и Колден (7), а пробува да штеди на секој можен начин. Таа вели дека почнала со екстремното штедење откако се родил нејзиниот прв син.
„Отсекогаш сум била многу штедлива. Но кога ми се роди првиот син, Џорџ, сакав да престанам со работа за да останам дома со него. Па, мојата филозофија е дека штедењето пари е исто како заработувањето“.
Пред првата бременост, Беки работела како тренер и шетач на кучиња и заработувала од 30.000 до 35.000 долари годишно. Штом се откажала од работа, со сопругот драстично ги намалиле трошоците и заштедиле многу пари.
„Таа година толку многу ги скративме трошоците, што надополниме за недостатокот од моја плата“.
А, Беки не штеди како вообичаениот човек со купување само неопходни работи. Беки се обидува да заштеди на буквално секоја ситница. На пример, таа тврди дека наводно ги мие садовите во машина за перење. Ги ставала во машина заедно со валканата облека која, пак, ги штити од кршење. Кога треба да се поправи нешто во домот, Беки никогаш не бара мајстор, туку сама го средува проблемот.
Беки открива дека кога ќе се скрши нешто поголемо, едноставно, користи супер лепило, а доколку сакаат да реновираат нешто во домот, таа и сопругот ја завршуваат целата работа.
Таа открива и дека наместо да купи тапети за ѕидовите во една просторија од домот, таа нашла фрлени покрај продавница за бои и лакови, па си ги зела.
„Кога станува збор за реновирање, најдоброто нешто што можете да го направите е да користите нешто што веќе го има во природата – можете да користите гранка од дрво како закачалка“.
Беки е штедлива и кога станува збор за вода. Кога надвор има снег, таа и нејзиното семејство не пуштаат вода од чешма, туку го собираат снегот и го користат за миење заби, па дури и бањање.
„Водата од чешма чини пари. Во близина на куќата имаме убава рекичка и би ја користела, но во зима е замрзната“.
Кога треба да се купи нешто, штедливата мајка вели дека секогаш успева да најде поевтина варијанта:
„Можете да ми покажете што било во светот, и јас ќе откријам како да го добијам 80-90% поевтино, па дури и бесплатно“.
Како ова да не е доволно, Беки решила дека треба да му наплаќа на сопругот ако изеде повеќе храна од планираното, без разлика што го делат домашниот буџет.
„Ако, на пример, сме порачале четири стапчиња од моцарела и јас изедам три, а таа едно, ми вели да платам 75 центи“, открива сопругот на Беки.
Беки признава дека често е критикувана за нејзината штедливост.
„Некои луѓе ме гледаат зачудено, особено ако не се навикнати на мојата штедливост. Но пријателите и семејството сметаат дека е одлично. Сопругот е штедлив, но тој е повеќе минималист и не му е многу грижа како изгледа домот. Додека јас сакам удобен дом, како фотка од Пинтерест, но не сакам да трошам пари. Па, некогаш тоа е проблем за нас“.
Беки открива и дека штедливоста не е нешто што го научила од родителите.
„Тато е штедлив, но мама не. Но, од мајка ми го наследив мотото ’Ако се сака, се може‘. Штедам за да не мора да се грижам за пари и да можам да минувам повеќе време со децата. Па, не сфаќам зошто ова се гледа како нешто негативно. Сум била осудувана, но јас сум посилна од тоа и сметам дека ова што го правиме како семејство е одлично“.
Спирова С. | Црнобело