„Мислат дека 'трчам' по неговите пари“ – Жена (26) критикувана за момчето (42), родителите ја поддржуваат

26-годишната Шинед и 42-годишниот Даниел се во врска, но често се соочуваат со критики поради возрасната разлика. Сега Шинед сака да му покаже на светот дека големата возрасна разлика помеѓу партнерите треба да биде најнормално нешто штом станува збор за две возрасни личности.

mislat-deka-sum-mu-kjerka-ili-sponzorusha-26-godishna-majka-kritikuvana-poradi-nejzinoto-42-godishno-momche-001.jpg

Шинед Варнес има 26 години ѝ е мајка на две деца, а моментално е во врска со маж кој е 16 години постар од неа – 42-годишниот Даниел Лонг.

Младата мајка вели дека редовно слуша секакви критики и навреди поради нивната врска, но смета дека штом некој е возрасен, може да биде во врска и со многу постара личност.

Истовремено, Шинед вели дека врската со постар маж е многу похармонична, за разлика од врска со некој на нејзина возраст.

mislat-deka-sum-mu-kjerka-ili-sponzorusha-26-godishna-majka-kritikuvana-poradi-nejzinoto-42-godishno-momche-02.JPG

Шинед има ТикТок профил каде што често споделува видеа од неа и нејзиниот сакан, како и детали од нивното секојдневие.

„Привлечен ми е, а нашите карактери одлично се совпаѓаат – ниту еден од нас не се грижи за омразата што ја добиваме поради возрасната разлика. Всушност, постојано се смееме поради тоа“, вели Шинед.

mislat-deka-sum-mu-kjerka-ili-sponzorusha-26-godishna-majka-kritikuvana-poradi-nejzinoto-42-godishno-momche-04.JPG

„Луѓето буквално трошат време од нивните животи само за да го мразат мојот. Тогаш очигледно има нешто добро во врска со мојот живот штом сакаат да си го трошат нивното време со негативни коментари. Неколкумина ми имаат речено ’Сигурно си со него бидејќи има многу пари‘. Но, јас имам две работни места и ова не е воопшто точно“, открива Шинед.

mislat-deka-sum-mu-kjerka-ili-sponzorusha-26-godishna-majka-kritikuvana-poradi-nejzinoto-42-godishno-momche-03.JPG

Парот првпат се запознал во март 2020 година, кога Шинед ја фарбала оградата во нејзиниот двор, а Даниел застанал да ѝ помогне. Оттогаш поминале неколку месеци без воопшто да се видат, но на следната средба и двајцата сфатиле дека си се допаѓаат, па почнале врска.

„На почетокот навистина се двоумев поради возрасната разлика, но набрзо потоа почнавме да се согласуваме многу добро. Тој е многу поразличен од другите. Мислам дека тоа беше љубов на прв поглед“.

mislat-deka-sum-mu-kjerka-ili-sponzorusha-26-godishna-majka-kritikuvana-poradi-nejzinoto-42-godishno-momche-07.JPG

Шинед открива дека нејзиниот сакан бил многу позагрижен за тоа што ќе кажат другите за нивната возрасна разлика. Но вели дека сега го надминале тоа, а таа ја добила и поддршката од родителите.

„Тато секогаш ми вели дека на постарите мажи не им е само до забава и знаат што сакат од животот. Оваа врска е помалку стресна отколку со помлад маж. Тој сака сериозна врска, исто како и јас. Многу е приземјен, вработен е, а многу помлади мажи не размислуваат така“.

Покрај критиките на социјалните мрежи, парот неретко се соочува со злобни коментари и на улица.

„Многу луѓе зјапаат во нас. Неколкупати ни имаат дофрлено ’Дечко ти изгледа како да ти е татко‘. Но, јас сум со него и не ми е важно што мислат другите“.

mislat-deka-sum-mu-kjerka-ili-sponzorusha-26-godishna-majka-kritikuvana-poradi-nejzinoto-42-godishno-momche-05.JPG

Сега Шинед е на мисија да ги нормализира врските каде што помеѓу партнерите има поголема возрасна разлика. Таа смета дека штом станува збор за две полнолетни, возрасни личности, тие не треба да се чувствуваат лошо за нивната врска само затоа што разликата во години е голема.

„Мисла дека ова е нешто што треба да се нормализира. Треба да можам да споделам видео од мене и партнерот без да добијам прашање ’Колку е постар од тебе?‘ Луѓето гледаат дека тој е постар, но тоа не треба да биде нешто чудно“.

mislat-deka-sum-mu-kjerka-ili-sponzorusha-26-godishna-majka-kritikuvana-poradi-nejzinoto-42-godishno-momche-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg