Девојка од Цирих го сменила личниот опис со операции и се жали дека пак не може да си најде дечко
- Детали
- среда, 07 јули 2021
„Бев толку несреќна во врска со себе претходно, се чувствував грда и како да бев заробена во своето тело, а згора на сè соучениците ме задеваа за изгледот“, вели Селин, која сега е зависничка од филери и операции и токму во детството ја пронаоѓа причината за тоа.
Селин Сентино (26) од Швајцарија вели дека потрошила повеќе од 23.000 евра на пластични операции за да си го промени личниот опис и дека повторно не може да си пронајде момче.
Се жали дека е сингл повеќе од 7 години и дека некогаш мажите не ја забележувале заради тоа што не изгледала впечатливо, но сега вели дека тие најверојатно се исплашени од нејзината убавина и немаат храброст да ѝ пристапат.
„Излегувам во град и гледам дека момците ме гледаат, но никој не ми пристапува. Понекогаш само кога се пијани едвај ми кажуваат ‘здраво’. Дури и кога ќе излезам со некој маж на состанок, тој најчесто е нервозен и не може да води разговор со мене“, вели Селин која смета дека нејзиниот провокативен изглед е причината што мажите се блокираат покрај неа.
Инаку, пораката која сака да ја испрати Селин е дека на луѓето не треба да им се суди според физичкиот изглед. Таа вели дека во училишните денови се чувствувала ужасно затоа што соучениците ја задевале за изгледот и дека токму тоа и била причината зошто се одлучила за толку пластични операции.
„Бев толку несреќна во врска со себе претходно, се чувствував грда и како да бев заробена во своето тело“, вели Селин, која сега е зависничка од филери и операции.
https://www.instagram.com/p/CQ6V_OjnBdT/
https://www.instagram.com/p/CNvZJQZHoCi/
С. С. | Црнобело